Никој не може со сигурност да каже, од оваа гледна точка, како и зошто точно се случило. Тоа што возачот одеднаш го свртел воланот може да биде резултат на повеќе фактори здравствена состојба, мозочен,срцев удар, проблем со рака или нога... етц
Факт е дека возилото забавува и го фаќа полукругот со намалена брзина. Не верувам дека со 80 km/h некој би направил таков маневар најверојатно возел под 50 km/h. Сега, дали автобусот кој доаѓа одзади ја прекорачува брзината? Можно е — можеби и над 100 km/h да возел и тука настанува проблемот. Факт е и дека џипот и другите возила успеаја некако да се снајдат, но автобусот не ни се обиде да закочи.
Можно е да постои и проблем со клима-уредите бидејќи летата стануваат сѐ потешки и понеподносливи за возење, особено внатре во возилата ако не се климатизирани соодветно.
Како и да е, страшна е глетката. Нека Господ им даде утеха и сила на семејството