Денес еден брат ми го сече патот, јас бев на главна улица, до мене имаше комбе што вртеше лево, јас од десно за на право и овај ми излезе пред мене наеднаш, не го видов од комбето, закочив и пробав да го избегнам, ама немаше доволно место и го плеснав назад со мојата предна десна страна...ова со пица количето. 1 сат чекавме полиција, уште пола сат да запишат и на крај тој ќе си плати казна за сообраќаен прекршок, не поштовање предност на минување.



Ова тетката што стој до Ајгото, сама се пријави како сведок дека видела, ама немаше потреба.