Многу си во право со се ова што си го напишал. Се додека чекаме некој друг да ги почитува правилата а ние не и викаме кој ги е*е правилата, така ќе биде па и бетер.
Јас сум роден и израснат во Скопје. Секој ден од основно школо па до денес сум учесник во сообраќајот на различен начин. Но ова што се случува во последниве 5-6-7 години е ван памет. Да не бидам грешно сфатен ама од кога Скопје се наполни со провинцијалци, почна хаосот и тоа не само во сообраќајот туку секаде општо. Немам ништо против провинцијалците но мора да сфатат дека ова не е Пехчево и дека треба малку да покажат или научат култура. А полошо е што па и нашиве што беа малку културни учат од нив а не обратно. Што да кажам, све е изопачено. За овој народ треба само СТАП и ништо друго.
Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk
Знам дека обожавате дежурен кривец да ви се провинцијалците ама мислам во муабетов немаат врска. Идиот во сообраќај е идиот во сообраќај секаде, без оглед на потекло, дур не го фатат во некоја европска држава па да изејт поголема казна и да му дојт умот. Потеклото е најмалку битно. Ко шо кажа
@andrejnaumovski , сообраќајната култура во државава е непостоечка, нит се знаат ни се почитуваат закони и правила.
Ако веќе ги чепкаш провинцијалците, знајш кој возит најагресивно низ Охрид, особено летни месеци? Кој паркират кола на тротоар, на сред улица,
па и во сред кружно со сите четири, со “само на минута“ муабет? Скопски таблици. Денес возев од Скопје накај мојата ми провинција, во два наврати ќе ме убиеше возило со скопски таблици. Првиот на автопат накај Тетово ми влезе во лева лента во сред престигнување, дури возевме паралелно, вториот на семафор во Гостивар од левата лента (за вртење лево), влезе паралелно со мене и уште две коли, и да не закочев и да не се тргнев десно од патот или тој ќе ме истуркаше, или ќе се зачукаше head on со тој од спротива.
Сите се (сме) исти говеда во сообраќај. Дури не си го решиме то сами со себеси, муабети од типот на “провинцијалците се криви“ се излишни.