Да се деца па да разберам што трчаат преку пешачки и не гледаат, али возрасни луѓе, не ми се јасни, не гледаат ли кога поминуваат улица?
Да не грешам душа, страшно се вози низ градов, црвено како да го нема, али си бара пазење, тоа што си на пешачки не значи дека си ајронмен, имаш предност точно, ама може некој нема да те види, подобро застани него да те нема....
Зборењето на мобилен зад волан, а особено куцањето и скролањето, нема да го коментирам, мислам дека е тоа најголемото зло зад волан.