Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3858363 пати)

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Како му влезе еден Делчеец со Passat B5.5 сабајле на едно BMW F10 (на Авто Був помладиот) на пешачкиот после Лукоил на влез во Автокоманда, пепел го напраи од позади, среќа не настрада пешакот.
Интересното беше од позади кога гледаш пасатот шантраше од лента у лента кого да мавне, дали тој десно или тој лево, и на крај му влезе на бмв-то, не разбирам зошто леташ тука 80-90кмч, влез во град, мокар коловоз, не си свесен за околината затоа што си од друг град, не ги знаеш ризичните места и пак гас до патос, па да муеам.

Sekoj pat koga zastanuvam tamu da pustam pesak stiskam po nekolku pati na kocnica cisto da vidi toj pozadi mene, ama isto sekoj pat ocekuvam nekoj da me zdravi. Da ti e sube na pesacki da zastanes.

Inaku kolata ke ja napravat ( pozadi loko kroko imaat nekoja rabotilnica) i ke ja vidis na oglas za nekoja nedela
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3866
Дека ќе ја направат нема збор, плацот им е тука и позади за улепшавање дел имаат :D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Треба начин да се успори сообраќајот

Друг е проблемов со пешаците, зборуваме за тоа дека главна артерија на сообраќај застанува секогаш кога има пешак... Не зборуваме за идиоти кои возат пребрзо па да им се створат услови да продолжат да возат пребрзо.

Надземен пешачки премин е решението, и меѓу правците ограда, да не претрчуваат како зајаци.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18028
Тоа си е крпење ситуација.

Ако сакаш непречен тек на сообраќај и во исто време да не трчаат луѓе ко зајци, се прави решение како Стоковна Куќа Мост, само без стоковна куќа делот - булевар што е под ниво, за пешаците да не мора ни да се качуваат ни да се симнуваат.

Ако вклучува качување и симнување, тој пешачки премин ќе заврши исто како оној на Бит Пазар, како тој подземниот што се користи за дрогирање и кењање на таксисти, и како Влајко. Неславно.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Зборував за лесно и брзо изведливи проекти, и релативно евтини.
Прост непокриен надземен премин да можат луѓе безбедно да преминат а сообраќајот да не застанува.

Влајко е обид за градење нови дуќани на место каде и онака ги има премногу. Битпазар не го коментирам, таму е друга држава... Ваму на тој влез во Скопје еден обичен надземен премин мислам дека има шанси да се користи, нема неистрауматизирани пешаци што попрво не би качиле десетина скали отколку да ризикуваат да бидат разнесени од пациенти што мислат дека уште се на автопат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Ако треба пешаци да се качуваат нема да се качат. Толку е просто. А колите кај сакаш ќе одат, и нагоре и надоле без проблем. Затоа мора да е пешачкиот рамен, а булеварот да е кренат или спуштен. А не обратно. Инаку нема да функционира, никој нема да го користи. Или барем нема доволно да го користи за да се направи разлика.

Тоа си е крпење ситуација.

Ако сакаш непречен тек на сообраќај и во исто време да не трчаат луѓе ко зајци, се прави решение како Стоковна Куќа Мост, само без стоковна куќа делот - булевар што е под ниво, за пешаците да не мора ни да се качуваат ни да се симнуваат.

Ако вклучува качување и симнување, тој пешачки премин ќе заврши исто како оној на Бит Пазар, како тој подземниот што се користи за дрогирање и кењање на таксисти, и како Влајко. Неславно.
Токму така. И без исклучок. Ретко кој ќе се качи 2 спрата за да помине улица.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18028
Лесно и брзо изводливи проекти се крпење.

Тоа ти е исто како да гледаш дека низ паркот имаш јасно дефинирана изгазена патека низ тревата (т.е. како најприродно луѓето гледаат да стигнат од А до Б) и упорно им градиш патека што е подолга, понапорна и неприродна.

Пак ќе си газат низ трева, па и ограда да ставиш, ќе ја исече некој зошто полесно е да вложи еден ден труд во сечење, отколку секој ден, повеќе пати да качува 5-6 метри висок мост и да го симнува.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2768
Со ограда помеѓу двата правца ќе се качуваат и те како...


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Лесно и брзо изводливи проекти се крпење.

Тоа ти е исто како да гледаш дека низ паркот имаш јасно дефинирана изгазена патека низ тревата (т.е. како најприродно луѓето гледаат да стигнат од А до Б) и упорно им градиш патека што е подолга, понапорна и неприродна.

Пак ќе си газат низ трева, па и ограда да ставиш, ќе ја исече некој зошто полесно е да вложи еден ден труд во сечење, отколку секој ден, повеќе пати да качува 5-6 метри висок мост и да го симнува.
Многу ми е мило кога читам вакви логични, здраворазумни, небирократски мислења. Нормално, нормално дека е така. Нормално. https://en.wikipedia.org/wiki/Desire_path

https://www.google.com/search?q=desire+path&rlz=1C1GCEA_enMK751MK752&sxsrf=AOaemvJLk1at1LH6dhLIocNjh0kjtM0EKg:1641816195528&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=2ahUKEwivqfv4kaf1AhXYSPEDHUCdCPEQ_AUoAXoECAEQAw&biw=1920&bih=937&dpr=1

Со ограда помеѓу двата правца ќе се качуваат и те како...
Со сила ништо не бива. Само прашање на време е кога таа крпеница ќе е пробиена. А и нема логика да ги измачуваш најприоритетните учесници во сообраќајот - пешаците! Треба за нив се да е најлесно. Затоа што сите сме пешаци пред се.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Тоа веќе е Фибоначи...
Министерство за транс, поп и виски.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2768
Епа тогаш дај да го затрупаме подвозњакот кај Скопјанка и нека одат преку улица.

Ненормални се тамошните пешаци што го користат и буквално никој не претрчува на коловоз? Или измачени се што се спуштаат и качуваат два ката?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18028
Да бидам искрен, кога и да поминам кај Скопјанка, без разлика дали пеш или со кола, некој претрчува или чека да претрча булевар.

Ако го користат, добро е, се навикнале, мило ми е.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Брат, у Скопје е сè живо толку криво насадено што ни на форум не го опрааме. :))
Бит Пазар е само јаготката на врвот :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Влајко е обид за градење нови дуќани на место каде и онака ги има премногу.

Влајко е такава голема, огромна, монументална глупост, тешко е да се најдат зборови да се опише. Од многу аспекти. Глупост. Дури мене ми станува непријатно од што е глупост.

Да бидам искрен, кога и да поминам кај Скопјанка, без разлика дали пеш или со кола, некој претрчува или чека да претрча булевар.

Ако го користат, добро е, се навикнале, мило ми е.

Си претрчуваат, ама и се користи. Подземни премини за пешаци се многу поприфатливи од мостови, баш поради психолошкиот момент. „Ај ќе се симнам“ е многу поприфатливо и попривлечно од „ај ќе се качам“, па луѓе се симнуваат, иако знаат (или забораваат) дека ќе треба да се качат.

Плус, таквите премини треба и да се одржуваат - а многу добро знаеме дека кај нас нема да се одржуваат.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Многу теорија... Заборавате дека не зборуваме за премин преку било која рандом улица/булевар, туку за главен влез/излез во градот.

Сега како што е решено, најлошо е. Што и да се направи подобро ќе биде, макар и било која од сите скапи, комплицирани опции што ги наброивте кога и обичен надземен премин ќе заврши работа... Таму и нема многу пешаци, секој што има некаква опција да дојде од друг правец го избегнува тој пешачки премин. Да се направи анкета, тие неколкумина во денот што преминуваат веројатно ќе одберат надземен премин пред играњето frogger.