Незнам дали ова тема е соодветно место за подолу пишаното па ако не е замолувам да ја префрлите.
Денес околку 16:00ч. возејќи околу 110-120 км/ч во десна лента по обиколница кај надвозникот после клучата за Качанички пат ми истрча куче скитник кое не можев да го избегнам и го удрив. Возилото е оштетено прилично, вака лаички од око ќе треба нови ладилници (за мотор, за клима, за масло, интеркулер), преден браник, десна магленка и сл. Повикав полиција која направи увид и со влечна служба си ја донесов. Полицаецот ми посочи дека откако ќе излезе записникот ќе треба да покренам приватна тужба за оштета кон Македонија пат (констатираа и сликаа скината мрежа/ограда која треба да спречи вакви појави) но да не се надевам дека ќе добијам бил што. Ве замолувам за помош/совет кои се следни чекори кои треба да ги покренам со оглед дека немам никакво искуство со вакви ствари? На пример дали треба утре да одам во осигурителната куќа за да пријавам штета па тие би ми ја покриле поправката или пак јас сам треба да си го поправам возилото а потоа со фактурите да тргнам по долгиот, мачен и неизвесен пат на тужење пред македонски судови?
Инфо за возилото: Фиат Крома 2.4 јтд 2006г. (знам, грда е, јбг

)
Полиса издадена од Евроинс (од рекла казала муабети, наводно најлоши се на пазар за вакви ствари, ама сам сум си крив што не проверив кога ми ги увалија во Здружение на возачи).