Да споделам некои искуства на оваа тема.Пред 3 години на враќање од неготино за кавадарци,пред село марена,по удолницата.Возам и гледам во спротивна насока колона,бидејќи беше навечер само светла се гледаат.Има блага z кривина,како испаѓа колоната од кривината се гледаат 4 пара светла,во мојата лента влекач со приколка,претекнува трактор.Бегање десно колку што можев и кочење нагло.Како кочев само гледав ако удирам да удрам во тркалата на приколката од влекачот за да не влезам под него.За среќа застанав,тракторот застана и тој,влекачот помина на само 1 метро од мојата кола.Моментално истинав,3-4 дена имав напади на паника.Ова лето на истото место,односно едно 100 метри подолу,на самата кривина пред марена,исто така навечер во мојата лента влезено југо.Немав време за кочење само свртев десно, со десната страна испаднав од патот,за среќа во последен момент југото сврте.
Татко ми работи во територијалната противпожарна единица,од пред 2 години имаат опрема за вадење на повредени и починати во сообраќајки,кои се заглавени.Последна интервенција му беше на лакавицата пред неготино кога камион излета од патот.Многу грозно искуство.