Идејата е дека товарен транспорт мора да има, а курчење со небезбедно дизајнирани луксузни аута - е тоа баш и не мора да го има.
Роба (економски и исплатливо) не можеш да превезуваш без комбе/камион. Луѓе може да се превезуваат и со седани, лимузини, хечбеци... Не мора со небезбедни СУВ-ови.
Пеки, тоа стои(за тебе и некои други тука), ама неможеш на некој да му кажеш или забраниш да не поседува и вози СУВ, меѓу кои спаѓам и јас бидејќи планирам да купам Туарег/Мерцедес Мл, за мои пари ќе возам што сакам...
А за безбедност, верувај дека фургонче/комбе е мнооооогу понебезбедно од било кој СУВ, особено ко што кажав full load или у најлош случај overload, немој да очекуваш дека тоа исто возило ќе застане инстант како што би застанал СУВ, едно обично Пежо Партнер има кочници како Пежо 207, за 207 се таман, ама за Партнер кој тежи 1200кила плус максимален дозволен payload од 800кила(плус стави тука уште 150тина кила(гориво, возач, ППА, ланци, лопати)) и те како тие кочничиња не ти вршат работа ама баш за ништо...
Еве ти еден хинт
Додека работев у фирма што обслужува железарии, носевме поликолори, од Април месец до Октомври се проаѓале околу 60.000км низ Мк со Фиат Дукато, од кои на 30.000 се менуваат плочки за кочници, баш поради тој момент од overload, па не било возможно да се симне Плетвар(од Скопје кон Прилеп) без да ти биде ногата на кочница 85% од времето надоле....
Нормално дека во градска средина возиш на граница на закон(макс 50 и тоа на булевар), па пак е поризично да застанеме јас со пуно комбе роба него Јоцо со џипо до full emergency stop, на комбето цела инерција го бутка нанапред колку сакаш ти стискај на кочница, не застануваш како џипО
Како што пишав во другиот пост, исто и поновиве фургони, имаат ненормална хомологирана носивост, пример го дадов Фиат Добло, да е подзалетан малце а е фул накрцан позадии, брате има тој да те крене не на хауба, ќе те фрли у вис, фургонот ќе пројде ти би паднал директ на алфалт (не сфаќај лично што те посочувам тебе)
Верувајте дека поопасни се фургони/комбиња/камиони одколку СУВ
Sent from my iPhone using Tapatalk