Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 4220849 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Контроли на секој чекор и земање колата за ултра брзо возење и ултра пијано возење. Три пати тежок прекршок директ во ќелија. Само тежок стап за нас. Во сите аспекти од животот.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1917
Немаше ваква случка во Скопје на јужен булевар пред неколку години? И таа со деца без памет во бмв.

Sent from my Redmi

https://a1on.mk/macedonia/foto-izvlecheno-bmw-to-so-koe-zaginaa-5-momch/

Истрагата покажала 218км/ч..


Колега ми беше едниот од момциве, ден денес татко му знае да дојде да не види на работа на кафе муабет. Првиот удар во тротоарот бил со 160 после тоа удриле бочно во бандер што доста ги успорило, ударот во ѕидот бил со 110. Ова на кратко инаку има уште еден куп детали сега веќе небитни. Курчење позади волан нетреба са има.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4239
Возачот може и да не бил возач почетник така да подобро да не се носат заклучоци толку брзо.

20 Години бил возачот, искусен не бил сигурно. Дали во законската рамка за категоризирање на возач почетник бил за 2 недели или 2 месеци е небитно. Очигледно е дека за жал се работи за чаламење или пробување да се докаже некоја возачка способност пред други лица штом со таа брзина возел во град, особено па град како Валандово каде што главната улица е со калдрма.
Или па да го бркале некој вонземјани што после ги средиле снимките да ги нема, само во тој случај може да има некое оправдување на страна на возачот за случкава. Секако сеа небитно е тоа веќе.
« Последно менување: 30 Ноември 2020, 21:02:05 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2949
Колега ми беше едниот од момциве, ден денес татко му знае да дојде да не види на работа на кафе муабет. Првиот удар во тротоарот бил со 160 после тоа удриле бочно во бандер што доста ги успорило, ударот во ѕидот бил со 110. Ова на кратко инаку има уште еден куп детали сега веќе небитни. Курчење позади волан нетреба са има.

Мене ми е страв со 160 на автопат да не прелета некое куче/маче/животно и да си е*ам мајката во некој ендек, не пак во град ццц
И тоа на 20-30м подолу од тоа подрумот на Пазарна има раскрсница кај Тутунски.

Една бивша девојка учеше во Скопје тој период, па бев на гости тие денови во Кисела Вода.

« Последно менување: 30 Ноември 2020, 21:13:02 pm balanar »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Што е битно кој загинал, човечки живот е изгубен по не знам кој пат на ист/сличен начин. Луѓево не се научија дека треба да учат и на туѓи грешки не само на свои. Лесна му земја на човекот и белким ќе е ова школо за сите.

П.С Пред возачка давања треба еден саат вакви видеа да гледаат идните шофери, да не им текне да се глупираат.
Врската е дека и животот на шоферот е уништен, освен ако не е некој без осет.  Инаку секако дека секој живот е подеднакво битен.
Радар би спасил во вакви ситуација?
Мене ми предложи мајсторот аир багот да го среди со отпорници :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34541
  • Таков е животот... јебига
Не гледам тоа како некој живот е изгубен. Само гледам како некој се откажал од својот живот и им го уништил животот на другарите.
И не гледам како секој живот е битен. Очигледно дека не е. Некој едноставно се убил, значи животот не му бил битен, си го фрлил низ прозор.

Нема поента постхумно сеа да тажиме и да филозофираме. Колку ни е жал се гледа по тоа што се прави пред некој да погине. Отпосле тоа е само мачкање очи. Откако ќе бидне работата после џабе е више. Што викаше еде познат мој: јади, пиј весели се и на крај на се посери се.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Не гледаме сите исто на работите.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Да не заборавиме само дека сите сме правеле глупости како копиљаци, само ете сме ги преживеале за да разбереме какви глупости сме правеле... Разликата е во тоа што не сме возеле бесни аута туку Застави и слични. Така да ваквите случки повеќе се на родителите, отколку на децата или на системот/државата.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Да не заборавиме само дека сите сме правеле глупости како копиљаци, само ете сме ги преживеале за да разбереме какви глупости сме правеле... Разликата е во тоа што не сме возеле бесни аута туку Застави и слични. Така да ваквите случки повеќе се на родителите, отколку на децата или на системот/државата.
Скроз си во право. Или ќе им купат на 18 години мотор 1000 см3,па ќе плаче кога ќе го собираат на парчиња.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Значи пак идиме на муабетот, да било југо поголеми се шансите да не се глупирале. Е стоеденот ко ќе го настегав во 4та 60км/ч, па ко ќе дигнев рулна трапот 20 метра зад мене го барав.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4786
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Да не заборавиме само дека сите сме правеле глупости како копиљаци, само ете сме ги преживеале за да разбереме какви глупости сме правеле... Разликата е во тоа што не сме возеле бесни аута туку Застави и слични. Така да ваквите случки повеќе се на родителите, отколку на децата или на системот/државата.
Кога бев копиљ тазе возачка, имав тешка сообраќајка во Лада 1300 од 87ма заради брзо возење + канта пијан шофер во уште постара Дачија кој помина на црвено. Улетан ја со ~100че, зеленото да го фатам, влагам во десна лента од Џамбо накај железничка, само таа беше празна арно ама на некој метар пред раскрсницата гледам како од десно влага дачија во моја лента и застанува, блокирајки ја цела, дал му угаси, дал се укочи или едноставно беше стомна напраен човекот не знам, лево не можев пошто веќе имаше коли паралелно со мене и нагазив на кочница, блокираа тркала, се изврте малце по што го пукнав директно во возачка врата откако веќе кочев 10м. Од ударот ладата се изврте 180* а дачијата летна преку ивичњак, го прелета тротоарот и заврши на паркингот кај таксистите рушејќи сообраќаен знак успат.

Во ладата и дачијата немаше појаси, абс, есп, воздушни перничиња, радари, имааа катастрофа гуми, кочници и амортизери. Кога отидов да видам дали се живи, приметив дека цела дачија има 1-2цм кит под бојата. Нормално двете коли беа тоталки, дачијата беше како лименка стисната од двете страни, совозачките тркала беа откорнати и легнати под кола од ударот во ивичњакот, а на ладата воланот се свитка нанапред кај што го држев како перек, моторот и мењачот отидоа под и во кабина, педалите дојдоа до седиште, предница немаше, кровот беше подуен, задните и предните седишта скоро се допираа, штета ова беше пред умните телефони па немам слики да видите колку беше страотна глетката, цела раскрсница беше со делови и течности, внатрешниот ретровизор го најдов на другиот крај од раскрсницата...прво нешто што ме праша чале кога дојде: -Колку мртви има? Нема. -Не лажи ГОВЕДО! :) Од КТ исто се чудеа како сме сите живи.

Не сум религиозен ама тој ден ВИША СИЛА не спаси сите (3ца во ладата и 2ца во дачијата), поминавме само со модрица/гребаница/џумка.

Поентата на целиов муабет е дека може да се случи катастрофа со секаква кола, ладата беше далеку од брза и бесна иако имаше заден погон и трошеше како v12. Да возев малку побрзо или да искочеше дачијата секунда покасно, не верувам дека ќе го пишував текстов денес.
« Последно менување: 01 Декември 2020, 12:56:55 pm Molec »


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3945
Татко ми '98, на враќање од 2ра смена од ф.Железара, на раскрсницата кај што е кружниот сега, го мава Југо во совозачка страна кое доаѓа од н.Железара и нема предност. Татко ми со Пегличка на која предното седиште и беше извадено зошто работеше приватно тоа време и алатот не му го собираше, а позади него седи колега и го носи до дома успат. Како го удрил така колава направила 2 салта странично, удрила во островот, на него имаше П столбчиња, се одбила и се вртела ко пируета легната на возачка страна и застанала 10тина метри после Тоше на ќоше. Татко ми 2 набиени ребра, колегата изгребан прст кога излегувал низ задна шофершајбна.
Пегличето салата, ама тркалата стојат, сабајлето го преврте на тркала, палење мина 😂

И од 100.000€ кола да купиш ако ти е пишано, ќе летне нешто од тој пред тебе ќе те утепа, ни крив ни должен.

Сите некогаш сме направиле глупост во сообраќај, не сме никој цвеќиња за мирисање, и баш затоа секој еден треба да се ја чукне главата, поготово ако има сопатници, дека треба да се прибере.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
абе сега шит хепнс и со бицикла. Ја си го знаев стоеденот дека имаше азз и возев низ град 60 ( +2о покажуваше километражата, значи 40 ). На технички ми пишаа казна за рачната не фаќале исто колцата, за после некое време да испадне дека на ножна уопште не фаќале задните, од после некој мајсто примети. Барем да ми кажеа, али очигледно казната била не дека некој се грижи, него колку за буџет полнење. Али секако застаре, не ја платив, порано се работеше и на црно.
Тука десно ко ќе свртиш семафорите на кај бензиската, само од спротивна насока ич не ги приметив семафорите, сенски на пладне, ни пијан ни улетан, среќа тој што му беше зелено застана... Исто онде по иво лола накај цоге студентскион се упали помошно десно ја си кинисав право...
Али на пример возиш онака 80 низ град и да Бог да не да да треба да закочиш да ти излезе нешто, тогаш се осеќа цела инерција, цела немоќ да застаниш. Тоа освен така да прикочиш нагло на повисока брзина нема како поинаку да го искусиш за да знаеш дека си немоќен во таква ситуација.
Цитат
Сите некогаш сме направиле глупост во сообраќај, не сме никој цвеќиња за мирисање, и баш затоа секој еден треба да се ја чукне главата, поготово ако има сопатници, дека треба да се прибере.
Како се осмелуваш така да ги напаѓаш светиците и невините овде!!!  :-X (ајронично е ова)
Јбг, за да дојш до некое нив треба да поминиш и низ некои глупости.Само да поминиш со лесно.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Кога бев копиљ тазе возачка, имав тешка сообраќајка во Лада 1300 од 87ма заради брзо возење + канта пијан шофер во уште постара Дачија кој помина на црвено. Улетан ја со ~100че, зеленото да го фатам, влагам во десна лента од Џамбо накај железничка, само таа беше празна арно ама на некој метар пред раскрсницата гледам како од десно влага дачија во моја лента и застанува, блокирајки ја цела, дал му угаси, дал се укочи или едноставно беше стомна напраен човекот не знам, лево не можев пошто веќе имаше коли паралелно со мене и нагазив на кочница, блокираа тркала, се изврте малце по што го пукнав директно во возачка врата откако веќе кочев 10м. Од ударот ладата се изврте 180* а дачијата летна преку ивичњак, го прелета тротоарот и заврши на паркингот кај таксистите рушејќи сообраќаен знак успат.
На дебело црвено кога ќе ти улета камиказа, тука и со 60 км/ч може да има удес со повреди (или дури и погинати).
Од друга страна е добар пример за дешавка која кога ќе се преживее кај нормален човек делува многу едукативно.

Туку што правиме со родители што купуваат бесни аута/мотори на копиљаци?
Судари со 150+ км/ч не оставаат многу шанси за преживување. Тоа ограничувањето во киловати/коњи за почетници, треба уште поригорозно да го направат. Времетрањето на почетнички статус подолго. Казните за возачи почетници фатени во алкохолизирана состојба да бидат драконски... Но на крај човечка глупост (родителска пред сѐ) пак ќе најде начин да усере некако.

По мое треба да се врати лимит за брзина на 60 км/ч, да толерираат до 68-70, и да казнуваат изнад тоа - со автоматски систем за мерење и регистрирање регистрации, поставен на сите поголеми раскрсници и некои други стратешки места... Кога ќе знаат луѓево дека секое дигање брзина над ~65км/ч ќе те кошта многу пари, и дека на три такви жути картони дека ќе изгубиш возачка на година дена, тогаш работите ќе бидат многу побезбедни.

А за поминување на црвено (и возење на пијано) треба да уведат силување од слонот во зоолошка.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
на 60 мали се шансите за погинати, а со тек на годините побитно да не се испотепаш него да делиш правда. Ако го казнат за на  црвено-го казнат, ако не гледаш глата на рамења да ти остани, и некако повеќе го следиш сообраќајот, пазиш и некој друг да не те собере, не гледаш само зелено.