Да не заборавиме само дека сите сме правеле глупости како копиљаци, само ете сме ги преживеале за да разбереме какви глупости сме правеле... Разликата е во тоа што не сме возеле бесни аута туку Застави и слични. Така да ваквите случки повеќе се на родителите, отколку на децата или на системот/државата.
Кога бев копиљ тазе возачка, имав тешка сообраќајка во Лада 1300 од 87ма заради брзо возење + канта пијан шофер во уште постара Дачија кој помина на црвено. Улетан ја со ~100че, зеленото да го фатам, влагам во десна лента од Џамбо накај железничка, само таа беше празна арно ама на некој метар пред раскрсницата гледам како од десно влага дачија во моја лента и застанува, блокирајки ја цела, дал му угаси, дал се укочи или едноставно беше стомна напраен човекот не знам, лево не можев пошто веќе имаше коли паралелно со мене и нагазив на кочница, блокираа тркала, се изврте малце по што го пукнав директно во возачка врата откако веќе кочев 10м. Од ударот ладата се изврте 180* а дачијата летна преку ивичњак, го прелета тротоарот и заврши на паркингот кај таксистите рушејќи сообраќаен знак успат.
Во ладата и дачијата немаше појаси, абс, есп, воздушни перничиња, радари, имааа катастрофа гуми, кочници и амортизери. Кога отидов да видам дали се живи, приметив дека цела дачија има 1-2цм кит под бојата. Нормално двете коли беа тоталки, дачијата беше како лименка стисната од двете страни, совозачките тркала беа откорнати и легнати под кола од ударот во ивичњакот, а на ладата воланот се свитка нанапред кај што го држев како перек, моторот и мењачот отидоа под и во кабина, педалите дојдоа до седиште, предница немаше, кровот беше подуен, задните и предните седишта скоро се допираа, штета ова беше пред умните телефони па немам слики да видите колку беше страотна глетката, цела раскрсница беше со делови и течности, внатрешниот ретровизор го најдов на другиот крај од раскрсницата...прво нешто што ме праша чале кога дојде: -Колку мртви има? Нема. -Не лажи ГОВЕДО!

Од КТ исто се чудеа како сме сите живи.
Не сум религиозен ама тој ден ВИША СИЛА не спаси сите (3ца во ладата и 2ца во дачијата), поминавме само со модрица/гребаница/џумка.
Поентата на целиов муабет е дека може да се случи катастрофа со секаква кола, ладата беше далеку од брза и бесна иако имаше заден погон и трошеше како v12. Да возев малку побрзо или да искочеше дачијата секунда покасно, не верувам дека ќе го пишував текстов денес.