Не знам,
@MartinAlfista мислам дека не е оваа, кажувам како што ми беше кажано, затоа и се распрашувам вака. Ваљда за црна хроника не треба расипан телефон да си играме.
Што се однесува за случајот со влезот на Прилеп случката е следна - кај што завршуваат трите ленти надоле по Плетвар се наоѓа еден мост наречен
Ленишки мост па релативно права делница долга отприлика 1.5 км па следи дупла кривина десно-лево на која се наоѓа уште еден мост наречен
Заполшки мост и под него тече Заполшка река (читајте поточе). Од левата страна на кривината се наоѓа насип со земја.
Дечкото (20 год) се враќал со девојка му (19 год) од викендица од с. Лениште (од таму и името на првиот мост) и успеал да го забрза возилото, според вештачењето, помеѓу 160 и 180 км/х. Не успеал да ја фати двојната кривина, полетал на насипот (имало траги на гуми кои започнуваат од асфалтот и завршуваат сред насип) и слетал во самата река.
Возачот починал само што го извлекле од кола, девојката била со денови во кома без да знае дечко и дека е починат. Тоа е ако не е траума, не знам што е.