Me потсети видеово на
@Deni на една случка надоле по Плетвар. Возам од Прилеп кон Градско, после каменоломот отприлика, позади убер стара Astra караван, прва генерација (мислам F дека беше). Задниот трап на Астрава мислам дека беше трамполина, не знам зошто, предните тркала не беа во линија со задните, изгледаше на
I , а на секоја можна кривина одеше во спротивната насока исто исто како и Матизот на видеото. А цело време 90-100ка вози надоле
Си мислам - да пробам да ја престигнам, поголем проблем ќе си направам, подобро да држам растојание, no pun intended

... По километар-два stunt driving, се доближив на некое растојание од 5м отприлика, колку one car distance. На крај, последно што реши да направи е пред самите одмаралишта, нели што се десно од патот, наеднаш да сврти десно, се уште скокајќи со задниот трап, едвај застана, со предницата ги прегрна грмушките.
После тоа, среќно и безгрижно си продолжив до автопат
*завеса се спушта*