Пред неколку години на удоницата пред раскрсницата за Кратово/ К. Паланка си возам 80 и намалувам брзина со вклучен жмигавец да свртам десно, пред мене на околу 200/300 метра имаше уште една кола која продолжи кон К. Паланка.
Од К. Паланка пак имаше едно возило кое стоеше и го пропушти возилото пред мене и веднаш потоа тргна лево кон Кратово, и до тој момент се си беше во ред.
Одеднаш покрај мене профучи моторџија со гас до даска.
Едвај се извлече моторџијата да не го плесне возилото кое вртеше лево кон Кратово.