Вчера на враќање за Велес, пред манастирчето се залапи една опел астра караван. Не можев да застанам, имаше шлепер зад мене и немам ПП. Се надевам океј помина човекот.
Ситуација следна, гледам на внатрешен ретровизор дека нешто чури зад мене. Мајсторот ме мине (100ка возев јас) и буквално ме отру. Видов дека од под мењачот фрла искри, за после неполни 15 секунди почне да гори. Згазив да де доближам и после 15,20 пати блендање и држење на свирката ме примети и даде жмигавец и застана.
Јас не знам како може толку луѓево да не гледаат дека цел автопат го задими со колата, ни блендање ни ништо.. Ретровизорите за џабе им стојат, кога не знаат да ги користат...
Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk