Бата Злате за се си во право со муабетот.
Да дообјаснам некои ситници:
Навистина незнам зашто полицијата не го користи својот капацитет разумно и стратешки точно. Еден уред за мерење брзина и три патролни возила кои ќе вршат потера е многу по безбедено и по ефикасно решение отколку стопирање возила со дреч зелено елече.
Болдираните зборови не соодејствуваат еден со друг во иста реченица.
1 Еден уред за мерење брзина и три патролни возила кои ќе вршат потера е многу по безбедено и по ефикасно решение отколку стопирање возила со дреч зелено елече.
Од 2007г полициските станици кубурат со буџет за гориво. Има станици кои имаат само по едно возило и е наменето само за старешините или ептен за недај боже да мора да се интервенира. Три возила да излезат на автопат, како што пример прават србите, е луксуз за МВР. Затоа подобра опција им е радарот во грмушка. Ко преживи причаче.
Гледајќи го клипот што го постиравте претходно, јас лично дојдов до еден заклучок:
Ако возиш 200 на автопат, и полиција те измери со радар не им застанувај. И така ништо нема да ти направат.
Особено ако адресата на живеење ти е во Кондово на пример.
Знаејќи го нашиот глуп и тромав правен систем, со "бегањето" полицајците имаат само слика од радар. Немаат записник, немаат легитимирано кој возел, немаат ништо што не се бутка на суд. Може некој од правниците на форумов да даде и по прецизно мислење од моево - уличарско размислување, но знаејќи каков анален исцедок сме од држава, нема да ме изненади и ако излезам во право со моите "муабети".
Се согласувам.
Иако не е етички и во најмала рака е противзаконски а сите тука нели глумиме дека сме Мајка Тереза, на кој не му се плаќа казна ако не застане можат само да му се фатат за онаа работа ако не го фатат.
Во секој случај, уште полошо од тоа што секојдневно ни се случуваат вакви глупави ситуации во кои гинат невини луѓе е тоа што откако ќе се случат ништо не се превзема од страна на МВР да се спречи исто или слично нешто во иднина.
Пример, во САД ако при превземање на служебени дејствија од било која Law Enforcement Агенција, дали PD, FBI, DEA, CBP итн, т.е дали вршат запирање на возило, легитимирање, упад, рација и слично, се деси во најмала рака повреда или загуба на живот на припадник на единицата или други лица кои се затекнале на самото место, посебно формиран тим врши анализа на тоа како дошло до несреќата, прават заклучок и потоа одат од станица во станица, единица во единица итн и вршат инфромирање и обука на сите службеници како повторно да не се случи истото.
Кај нас сабајле во 9ч ќе им се деси сообраќајка на автопат затоа што стопирале на погоре опишаниот начин и во 3 попладне повторно ќе запираат на истиот начин на друго место.