Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3423177 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
шо сака овај со 200 да не го казнат?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
па нема да го казнат, пошто не застана. ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Не смеат да го застанат, ја загрозуваат безбедноста... копита

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Незнам дали загрозуваат ама овој со палкава реума има фатено. Нездрав...

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 781
  • .
а дели се овие тие дечките со бмвето што ги удри камионот кај обиколницата или друго видео е ова
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
1. Црепот што вози 200+ е помалку виновен во целиот овој лош филм што се случи пред некој ден. Секој од нас има претерано со брзината во одреден период и на одредна делница. Никој не е монах позади волан, да не се правиме со сила поштени. Јас лично, претерувам со брзината ако патот тоа го дозволува, возилото е во добра техничка кондиција, и постојат услови во сообраќајот да возам 200. Нормално, тоа не го правам постојано, туку го правам периодично кога ќе се создадат услови, и секогаш во возилото сум сам.

2. Начинот на кој што полицаецот спроведува сообраќајна хигиена е погрешен. И тоа погрешен од неколку аспекти:
- Врши контрола на брзина на возила на начин кој што е опасен.
Стационирани се во лента која е наменета за застанување на автопат. Застанувањето во таа лента е наменето за возила кои што мораат да се исклучат од сообраќај заради фактори кои го нарушуваат нормалното движење во сообраќај. Кратко кажано, МОРАЛЕ да застанат. Немало друго чаре.
Полицајците СВЕСНО застанале да сопираат несовесни возачи. Свесно одлучиле да бидат пречка во сообраќајот во лентата која што не е наменета за нив, и нивната дисциплинска актовност, и преку таквата "злоупотреба" да спроведуваат сообраќајна дисциплина.
- Начинот на спроведување сообраќајна дисциплина е погрешен
Полицајците можеле да мерат со радар, но стационирани надвор од коловозот, позади заштитната банкина од десна страна.
Возилото кое што било паркирано под сенка под подвозникот можело да биде во "stand by" на клучката за "Качаники пат" неколку метри подолу. Надвор од коловозот. Моторот вклучен, колегата полицаец чека дојава од другиот колега позади радарот дека треба да се пушти во потера по возило кое што вози над ограничувањето. 
Можеби ќе го стигне, можеби нема да го стигне возилот што "лета", ама па начинот е многу по рафиниран и многу по "спектакуларен" за да остави впечаток дека "џандарите ловат со кола и ротационо светло ако возиш брзо".

Навистина незнам зашто полицијата не го користи својот капацитет разумно и стратешки точно. Еден уред за мерење брзина и три патролни возила кои ќе вршат потера е многу по безбедено и по ефикасно решение отколку стопирање возила со дреч зелено елече.

Гледајќи го клипот што го постиравте претходно, јас лично дојдов до еден заклучок:
Ако возиш 200 на автопат, и полиција те измери со радар не им застанувај. И така ништо нема да ти направат.
Особено ако адресата на живеење ти е во Кондово на пример.
Знаејќи го нашиот глуп и тромав правен систем, со "бегањето" полицајците имаат само слика од радар. Немаат записник, немаат легитимирано кој возел, немаат ништо што не се бутка на суд. Може некој од правниците на форумов да даде и по прецизно мислење од моево - уличарско размислување, но знаејќи каков анален исцедок сме од држава, нема да ме изненади и ако излезам во право со моите "муабети".

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Секој, барем еднаш во животот направил кратка екскурзија барем до 140.
Ако немам среќа и бидам снимен, ќе си платам соодветна казна.

Но не сакам да бидам сопрен на помошна лента поради 20 км пречекорена брзина и соберен од друго возило  (какви и да се причините, дефект, невнимание...).

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Пријавете се ако не, за советници на Спасовски, очигледно имате големи познавања за тоа како една полиција треба да работи и треба да замижи кога некое баце со бемве ебаго вози 240, на дозволено 120 и плус  во Македонија...само точак за вакви сељаци.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Пријавете се ако не, за советници на Спасовски, очигледно имате големи познавања за тоа како една полиција треба да работи и треба да замижи кога некое баце со бемве ебаго вози 240, на дозволено 120 и плус  во Македонија...само точак за вакви сељаци.
Не треба да замижи, треба да се организира, не да седи под мост како бугарска ефтина дама.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16758
  • Keep it 100
Пријавете се ако не, за советници на Спасовски, очигледно имате големи познавања за тоа како една полиција треба да работи и треба да замижи кога некое баце со бемве ебаго вози 240, на дозволено 120 и плус  во Македонија...само точак за вакви сељаци.

Не треба дискусии, изгледа се било како што треба со полицијата. Уредно си ја вршеле работата со голема професионалност. Решението било субвенции за велосипед за возачот.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
а дели се овие тие дечките со бмвето што ги удри камионот кај обиколницата или друго видео е ова

Не е тој, овој среќа не застана па остана жив.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16758
  • Keep it 100

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Каква легенда!

Ain't no way we're gonna catch that ferry!
Hold ma beer!


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
ауу, го фати траектот!!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.