Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3863053 пати)

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
CCCSI, колку моќно звучи :D

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1308
Постари луѓе биле во колата.
Чудно
47год. А што не смееш да се начукаш на 47?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10593
Постари луѓе биле во колата.
Чудно
47год. А што не смееш да се начукаш на 47?
Во цветот на младоста, ако прашаш некого на таа возраст ;D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9181
  • Пичлеме
Лани пишував за случката, со Сузуки Свивт ко се зачукаа едни на Илинденска кај Воена болница, се бапнаа на средина во жадињерата што ги двои лентите... тројца мажи(или двајца, не се сеќавам точно) и една жена, сите над 50 години, пијани дрва, од свадба се враќале...


Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1296
DTC OFF, Гледај сеа у втора шо прави...

Загреови луѓето... Уште еден случај каде ако системите беа вклучени сите ќе си одеа здрави живи по дома. :)

BMW кец е неспоредливо најглупа и многу тешка кола за дрифтање, бидејќи е многу куса меѓуоскино и ако дојде до поголемо прекршување, минамално да надминеш корекција на волан те извртува комплетно за 360. Исто како во случајов погоре.
Не знам како може да помине ова без полиција, ама сепак Арачиново... :|

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7365
Средиле со европски записник, сепак се они проевропски ориентирани.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9181
  • Пичлеме
Цитат
Првоосомничен е сопственикот на „Дурмо Турс“ кој е и управител на фирмата. Тој единствен поседувал сертификат, но не го организирал превозот согласно прописите, не водел евиденција, а тоа го препуштил на раководителот на „Дурмо Турс“ кој не поседувал сертификат.

Токму раководителот е второосомничен. Тој овозможил да се инсталира уредот во автобусот со кој се манипулирал технографот, односно мерењето на брзината на движење.

Третиот, четвртиот и петиот осомничен се од фирмата за технички преглед чиј сопственик е првоосомничениот односно газдата на „Дурмо Турс“. Тие каки одговорни за технички преглед и контрола издале документација за исправност на автобусот во двата прегледи, направени во јули и декември лани и покрај тоа што што сопирачките не биле на потребното ниво на исправност.

Шестоосомничен е возачот кој возел над дозволената брзина од 80 километри на час. За време на несреќата тој се движел со 99 километри на час, а го активирал и уредот за манипулација на брзината. Истрагата на скопското обвинителство утврдила оти тој поради брзината изгубил контрола над автобусот, ја пробил заштитната ограда помеѓу двата правци на автопатот и пред да дојде до втората, односно да излета почнал да кочи. Вештачењето на неговиот телефон покажало оти тој не го користел мобилниот за време на несреќата, а здравствената состојба му била во ред, односно таа не влијаела на несреќата.

Недозволената брзината и сопирачките на автобусот се причини за несреќата кај Ласкарци

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Добро е што се дозна вистината а тоа е дека како и кај многу несреќи покрај директни причинители имаш и индиректни. Значи поминува регистрација за испавност а уствари било утврдено дека кочниците биле фалични. Ова со уредот за манипулација на тахограф што да кажам...... ова ти е производ на нефункционални институции, неказнивост, абе ај ништо не му е пристап.

Мене највеќе ме интересира која била уствари причината за да изгуби контрола автобусов пошто и со голема брзина туку така не се излетува од пат, особено автопат.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
третиот и четвтриот биле вториот и првиот што уствари бил еден ист човек или ...?

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
  • .
Добро е што се дозна вистината а тоа е дека како и кај многу несреќи покрај директни причинители имаш и индиректни. Значи поминува регистрација за испавност а уствари било утврдено дека кочниците биле фалични. Ова со уредот за манипулација на тахограф што да кажам...... ова ти е производ на нефункционални институции, неказнивост, абе ај ништо не му е пристап.

Мене највеќе ме интересира која била уствари причината за да изгуби контрола автобусов пошто и со голема брзина туку така не се излетува од пат, особено автопат.

непрописно и нагло претекнување на возило што возел со помала брзина од онаа на автобусот (исказ од очевидец)
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Ако возел 99кмч, и претекнувал, а е дозволено 120кмч сосема е возможно причината да е преспоро возење.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10593
Колку пати е пишувано за таа лоша навика да се вози едвај 80, но секојпат ќе се јави некој да оправдува (мудрува)...

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Am386 DX/DXL-40
Ако возел 99кмч, и претекнувал, а е дозволено 120кмч сосема е возможно причината да е преспоро возење.
Никако не може да е возачот крив што возел со 100км/ч, а не 80км/ч. Исто така нема везе што не биле исправни системите за кочење.
Криво е некое возило што возело побавно. Него треба да го осудат и да го пикнат во затвор.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10593
Ако возел 99кмч, и претекнувал, а е дозволено 120кмч сосема е возможно причината да е преспоро возење.
Никако не може да е возачот крив што возел со 100км/ч, а не 80км/ч. Исто така нема везе што не биле исправни системите за кочење.
Криво е некое возило што возело побавно. Него треба да го осудат и да го пикнат во затвор.
Ако ти се вози 70/80 имаш регионални патчиња, не загрозувај безбедност на автопат.