Ако возел 99кмч, и претекнувал, а е дозволено 120кмч сосема е возможно причината да е преспоро возење.
Никако не може да е возачот крив што возел со 100км/ч, а не 80км/ч. Исто така нема везе што не биле исправни системите за кочење.
Криво е некое возило што возело побавно. Него треба да го осудат и да го пикнат во затвор.
Ако ти се вози 70/80 имаш регионални патчиња, не загрозувај безбедност на автопат.
Извини тркач, сеа ќе паркирам колата.

Како процени дека тој што вози 80 ја загрозува безбедноста на автопатот?! Или такви ликови ти создаваат проблеми ако леташ со 150+?
Друго, што ако во дадена ситуација ти се случи некаков дефект и мораш привремено да ја намалиш брзината?
Автопатот е јавен и го немаш правото да ги ограничуваш другите со која брзина ќе возат. Тоа си го прави законот. Е сега, ако планираш да леташ со поголема брзина од ограничувањето, или пак не држиш дистанца,
ти си тој кој што ја загрозуваш безбедноста и ќе ја преземеш одговорноста за евентуалните последици.
Не велам дека никој никогаш не ја пречекорил дозволената брзина. Ама кога се прави тоа, треба со усул, а не блендирање од 5 километри да ти се тргнат луѓето, притоа никако да се поднамали брзината и да се види што е работата, па лепење на браници и слични глупости.