Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3883736 пати)

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
брее овој со реното некако многу несмасен ми изгледа..како се удри па како се истумба у п.м.
Се поткачи со полна гас затоа се истумба многу :)

А овој со гумава ;D ;D ;D
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Пред некој ден осетив колку малку треба за да се направи глупост.
Другар со корса онака се провозуваме на патот штип-светиниколе после факултет онака безвезе колку за малку белја да направевме. Ја качи 160 прикочи до 80-90 и на шала крева ручна.
Колата се вртеше се креваше на 2 тркала чисто чудо како остана на патот. остана на самата ивица во нашата лента а свртена во спротивна насока и нормално угасена пуштил и кумплуг и се во вртењето. Среќа што не излета и што немаше некој брз од спротива или од позади да не збере.
Често од играчка станува плачка.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
ова ми личи на детска работа. Срека никој не налетал па ни крив ни должен некој да настрада, за жал уште има луге што вака возат. Извини не ме сваќај лично ама ова е нај неодговорно возење, тоа што правел другарти се прави на затворен пат/полигон

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15126
  • Пудингот на шоферството
Е убо на 80/90 со Корса кренал рачна....тој другар ти некои суицидни мисли има  :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Да му кажеш на другар ти да не игра многу гта, нфс или што и да игра.
Ради вакви како него (немам толку погрден збор како да ги опишам, а ги има многу за жал) гине недужен народ. Ќе ти налета некој таков  ќе те собере и ако даде господ да преживееш, да му искочиш и да го згазиш од тепање. Често пати си викам, да имам апсолутна власт таквите има да ги обесам одма. Изгледа лекарското лошо го спроведуваат, инаку не би се давала на секој дозволата.  

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Хитлер ги убивал таквите. И после нечинел ќе кажат.

А Дени? :D

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3852
  • Боинг 747
Видно вознемирен сум денеска. Муабетов е .....во Ново Лисиче кај Про Кредит банка на паркингот некој ми го закачил задниот браник и не застанал си отишол. Среќа што не сум го видел. Значи и 30м да бил одалечен (сељачишта) пак ќе ме закачел. Неписмени створења и да сум власт полагањето за возачка би го направил 2000е за да не може секоја будала да вози
:(

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
А таман си го префарба... Многу штета?

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Абе од идиоти неможеш да живееш а не други работи...

Кој ти застанува денес...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Со 2000 евра за возачка ќе возат само богати, а не значи дека се способни за возење ;D

Сочуство за браникот.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Се слагам со Банзаи, не е до цената туку до ригорозноста на тестовите. Тестовите треба да се менуваат на секои 6 месеци, прашањата да се рандом во секој тест, и да се менува точниот одговор на секој тест. Не вака, луѓе ќе ги научат на памет тестовите, и хајт.

Сметам дека и во Македонија, треба да е видливо означено возило на тазе возач (како во Грција што ги означуваат со N возилата што ги возат луѓе со помалку од година искуство).

Отсутен Dejan_156 alfista

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Видно вознемирен сум денеска. Муабетов е .....во Ново Лисиче кај Про Кредит банка на паркингот некој ми го закачил задниот браник и не застанал си отишол. Среќа што не сум го видел. Значи и 30м да бил одалечен (сељачишта) пак ќе ме закачел. Неписмени створења и да сум власт полагањето за возачка би го направил 2000е за да не може секоја будала да вози
:(
Тогаш само богатите будали ке возат а такви ги има поприлично ич не му чуе дали ке ја слупа или изгребе колата што таткому му ја купил за 18-ти роденден. Повеке сум уверен дека некој  сиромашен што со двај собрал пари да купи некое количе што ке го чува како очите и повеке ке пази да го искрши не би се сложил со мисленјето на боки цивик него треба тие од комисија да ги земеш па еден кутек добар и да ги пуштаат тие што знаат да возат а тие мамини и татини деца да ги буткаат...за жал кај нас обратно е јбг македонија >:(
Djevojka može da bude sa sela,
al' auto mora da bude iz Italije! ♥

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Се слагам со Банзаи, не е до цената туку до ригорозноста на тестовите. Тестовите треба да се менуваат на секои 6 месеци, прашањата да се рандом во секој тест, и да се менува точниот одговор на секој тест. Не вака, луѓе ќе ги научат на памет тестовите, и хајт.

Сметам дека и во Македонија, треба да е видливо означено возило на тазе возач (како во Грција што ги означуваат со N возилата што ги возат луѓе со помалку од година искуство).

И во Србија е така. Уште една мерка: како и во Британија, возилата регистрирани на возачи почетници треба да имаат повисока цена на осигурителни услуги.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
И кај нас возач помлад од 24 години мислам плаќа повеќе ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Во Британија (и во многу други европски земји) не се осигурува возило (како кај нас) туку се осигурува возач на одредено возило. Така може почетник да се осигура поскапо. Кај нас како ќе знаеш дали возило ќе го вози почетник или не, па поскапо да го осигураш.

Е сега, има некои муабети дека вака ќе почне и кај нас. Вовед во тоа се казнените поени наместо парични казни кои веќе ги имаме. Логиката е дека тие со  повеќе поени ќе плаќаат поскапо осигурување. Можеби некој од дечките што работат по осигурителни компании ќе знае повеќе.

ЕДИТ: Помлади од 26 плаќаат 500 денари повеќе годишно. Симболично, и не прави никаква разлика. Јас возам од 18 години. Некој што вози од 25, што има значително помалку искуство, пак ќе го плати истото осигурување.