Така е се додека се внимава на сигнализација и се вози културно. Но...
Кај Веро сум видел како прошишуваат право на помошно зелено за десно.
Секој ден сум сведок на следниве ситуации во К.вода:
На лева лента за право се пали црвено а првата кола е за лево, колите позади неа, наврат, нанос се престројуваат десно и се прават загрозувачки ситуации со колите од десна лента.
На десна лента некој не го примерил помошното за право и застанува, тој позади него не очекува такво нешто и мора нагло да кочи...
Кола на лева лента без жмигавец за лево а тој позади него очекува дека ќе продолжи право и не се престројува на време...
За пешаци да не коментирам...
И сето тоа поради таканаречени булевари без посебна лента за вртење лево, и овозможување на секое раскрсниче, уличе, да се врти лево.
Најопасни семафори...