Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3884950 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Сите примери што ги даде се согласувам освен последните два :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Сув се знае за пред броз, по можност и едно колце да е во Броз :)
Демек си имал вишак пари, па си ги фрлил, ама ако ги фрлиш вардар никој нема да види, а вака сите ќе видат :)
Ја радо би некоја караван/7-мо сед, било што само да не ми страдаат бубрезите ко ќе клоца малана од зади, па макар и сув би било, па ќе му ги кратиме амортизерите :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General
Ако може некој да објасни што е тоа Броз и каде се наоѓа. На многу места тука го имам прочитано, знам дека значи чалам, ама не можам да разберам зошто и како.

Фала. (Озбилен сум)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Абе дека нечинат, затоа возиме половњаци од по 4-5к евра.
Седете мирни...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Ако може некој да објасни што е тоа Броз и каде се наоѓа. На многу места тука го имам прочитано, знам дека значи чалам, ама не можам да разберам зошто и како.

Фала. (Озбилен сум)

Кафич на Партизанска, карши Универзална сала. Пред да ги стават столбчињата, беше вака..



Па ги ставија столпчињата, па сега е вака..







(Сликите не се мои, заокружениот копук со мотор на велосипедска патека е само среќна случајност.)

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Ако може некој да објасни што е тоа Броз и каде се наоѓа. На многу места тука го имам прочитано, знам дека значи чалам, ама не можам да разберам зошто и како.

Фала. (Озбилен сум)

Кафиќ на Партизанска спроти Универзална Сала. Самопрогласени фенси фаци сакаат да пијат кафе на улица и го комбинираат со чад од колите. Задолжително е да си пољопривредник и да ја паркираш колата на улица, претходно можеше и на тротоар, и со другарчињата, исто така од пољопривредната фела да си ги гледате колите и лижете кафе со цедевита.
Порано барем имаа добро кафе, зборам кога се отвори пред многу години, ама сега буквално е крш, од инвентар, до услуга, квалитет и гости.
Ја еднаш ко кретен отидов пешки таму и пошто не ми беше колата пред мене да си ја гледам немаше ни за што да правам муабет со другарчињата.
Слична е ситуацијата и неколку метра поделе, накај Карпош, пред Фитнес Хаус и пред Фетнес Хаус, ама не е толку хард кор таму, освен тоа аудито ваљда на некој од газдите од фатнес. Секако дека пајакот во 90% од случаевите е немоќен пред овие локации.

П.С. Се дешава и да се паркираат во две ленти.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
И немаат Кокакола Бешечер.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Ова може толку лесно да се направи легално и притоа градот да придобие финансиски. Пошто очигледно МОРА да се пуваат сите дека се дојдени со кола/мотор, стави тука зонско паркирање со 100/час и пријатно. Паркирањето ќе биде на самиот тротоар каде што е патеката за велосипеди, а велосипедската патека може за тие 50тина метри да се изведе на улица и потоа пак назад на тротоар.

Автобусите ќе возат на втора лента.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Малку СУВови гледам пред Броз на сликиве. Изгледа сељациве обични коли возат. Јбг сите теории за сувови пропаднаа

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Ова може толку лесно да се направи легално и притоа градот да придобие финансиски. Пошто очигледно МОРА да се пуваат сите дека се дојдени со кола/мотор, стави тука зонско паркирање со 100/час и пријатно. Паркирањето ќе биде на самиот тротоар каде што е патеката за велосипеди, а велосипедската патека може за тие 50тина метри да се изведе на улица и потоа пак назад на тротоар.

Автобусите ќе возат на втора лента.

Ова и не лошо решение, со тоа што може да се прошири во тој дел улицата и да се направи паркинг за 10 коли па нека штанцаат пари, нема ништо лошо во тоа. Али никако не треба да се одзема лента од булеварот за паркирање.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Со лимитиран буџет, нема ништо спектакуларно, освен полесно седнување и излегување од кола(кај 2008 и Мока, ни тоа) и малку поголема комоција и гепек(каптур)споредено со адекватно возило(клио).
За истите пари Меган, и тука споредбите паѓаат во вода.

Едит отишол муабетот :)



Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 618
Ова може толку лесно да се направи легално и притоа градот да придобие финансиски. Пошто очигледно МОРА да се пуваат сите дека се дојдени со кола/мотор, стави тука зонско паркирање со 100/час и пријатно. Паркирањето ќе биде на самиот тротоар каде што е патеката за велосипеди, а велосипедската патека може за тие 50тина метри да се изведе на улица и потоа пак назад на тротоар.

Автобусите ќе возат на втора лента.

После ќе се паркираш ти и ќе си платиш зонско, а овие фациве ќе ти се паркираат пак до тебе и нема да платат паркинг, а воедно ќе те блокираат и мора да ги бараш за да си идеш...Мене ова редовно ми се дешава у Тетово, а не дека тука поарно би било...Не бе друже, само ко у Индија, полиција со стапови и да тепаат

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Американците се криви и плус Македонија мала земја и затоа не бива работава со паркирање.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General
Фала на објаснувањето сега ми е  малце појасно. Но, имам и едно реторичко потпрашање: Зошто некој би ја оставил колата на сред пат и притоа некои си други гости и случајни минувачи да протолкуваат како покажување на финансиска или билокаквадруга моќ? Што ако го протолкуваат поразлично?

Ама тоа е најверојатно од оние кои не заслужуваат одговор.  ;D



Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
За паралелно паркирање си треба пајак и казна. Океј, тоа и до некаде се прави. Ама за косо паркирање на улица, или во втор ред мора да се воведе затворска казна од 1 до 8 години и надомест од 2000евра.



Демек лентава малце е, па и у втора „не сметам“.