Ако може некој да објасни што е тоа Броз и каде се наоѓа. На многу места тука го имам прочитано, знам дека значи чалам, ама не можам да разберам зошто и како.
Фала. (Озбилен сум)
Кафиќ на Партизанска спроти Универзална Сала. Самопрогласени фенси фаци сакаат да пијат кафе на улица и го комбинираат со чад од колите. Задолжително е да си пољопривредник и да ја паркираш колата на улица, претходно можеше и на тротоар, и со другарчињата, исто така од пољопривредната фела да си ги гледате колите и лижете кафе со цедевита.
Порано барем имаа добро кафе, зборам кога се отвори пред многу години, ама сега буквално е крш, од инвентар, до услуга, квалитет и гости.
Ја еднаш ко кретен отидов пешки таму и пошто не ми беше колата пред мене да си ја гледам немаше ни за што да правам муабет со другарчињата.
Слична е ситуацијата и неколку метра поделе, накај Карпош, пред Фитнес Хаус и пред Фетнес Хаус, ама не е толку хард кор таму, освен тоа аудито ваљда на некој од газдите од фатнес. Секако дека пајакот во 90% од случаевите е немоќен пред овие локации.
П.С. Се дешава и да се паркираат во две ленти.