Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3420937 пати)

Отсутен duffymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 134
  • Noob
https://dosie.com.mk/archives/1385
Денес бев  на семафориве коа се деси овој судар и можам да кажам дека “Прегазен моторџија“ и “Моторџија беше удрен од автомобил“ не е баш соодветен опис за моторџија што претркува колона на семафори на дупла полна линија.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
И јас поминав прееска таму, моторџијата си го добил тоа што го барал. Кај qро претекнува тука?

Пред да се случи ова пред 1 час поминаа моторџиите од критична маса или како и да им се вика кога парадираат низ град групно. Епа треба да им кажат на нивните членови како да се однесуваат во сообраќајот. Не се мачки да имаат 9 животи пичкаму. Башка што некогаш ако умри при судар со тебе треба да го лежиш и да го носиш на душа.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Сум бил сведок и на многу ситуации кај што автомобилисти се понашаат као ај со мотор е ќе го собери, а на мотор верувај не е така. Не дека нема моторџии што исто така сметаат дека ќе ги собери сегде или дека некој ќе закочи за да не го носи на душа. ама верувај има многу стока што као со мотор е, ќе прикочи, ако се удриме тој ќе загине кој го е*е.
јбг...

Отсутен duffymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 134
  • Noob
Абе сега си го добил, си го сакал незнам, би било добро да има што помалку такви настани ама мене ми изгледа моторџииве несакаат да прифатат одговорност...
Еве пример: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=9ZCgFjYraoo

Пораките им се цело време насочени кон другите учесници, а моторџиите хормоните да си ги смират само треба. Правила имаме за да се избегнат вакви незгоди, а моторџиите како ранлива група возачи треба да ги применуваат највеќе од сите, кога парадираат паролите да им бидат насочени кон другите моторџии. А не вака у стил “овие со колите треба да не пазат ние сме ранливи“

Баш ме интересира статистика од бројот на судари со кола и мотор колкав процент се ради моторот а колкав ради колата.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1998
Едно не ми е јасно зошто кога се стои на семафор пробуваат се пикаат на милиметар меѓу коли за да дојде прв на семафори дали се работи за култура дали станува збор имам мотор па морам побрз да сум. Што е толку побогу тешко да застанеш во колона позади сите па нормално да си тргне на семафор послем претекнувај забрзувај побрзо или било што. Имам за пример другар харли што вози он е од стилот да стои позади кола или било што да не се цапа пика напред ствара за него опасни ситуации... не ми се јасни стварно заштедува 1 минута која може живот да го чини.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Како го чини животот ако отиде пред сите коли додека СТОЈАТ? А другарот со Харлито чека ред затоа што не го собира меѓу коли инаку и он би го правел истото.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
која е поентата тогаш на моторот ако чекаш семафор како со кола?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
оти има многу мина што "не ги виделе" и ги набутале в багажник. А и нис земји кај што работи малце повеќе свеста обавезно на средина има простор за мотори.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Тебе на мотор ако не ти работи свеста, не амајлии, сакал и библија носи си со себе, џабе ти е. Исто ко со пешаците, се знае кои се ранливи групи во сообраќајот. Барем кај нас.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
  30 см хартија брка работа, ај ти  ;D
Порано носеле нова македонија -весник, ама не од верски или пагански поводи, него ветар да не ги дува, најверојатно тешко се наоѓало палто со преклоп.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Вие со А категорија, како е правилно на семафор или во сообраќај, дел од лентата е за мотоциклисти, или си возиш/ чекаш зад друго возило?
Ако го збира има право да се напика меѓу две возила?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
во нормални земји, возачите на коли секогаш оставаат доволно простор за да не мора моторџиите да се пикаат
ова сум го видел во скоро сите поглеми градови кај што сум бил, скоро, пошто во Париз е хаос


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Многу од нив се и полицајци во цивилка. Инаку да, културно се подместуваш на десно и слободно нека преминува и оди. Ако не застане на семафор, 99% ќе го залепат и нема да го лежат.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Ете јас немам А али сепак не ми брка работа ако некој безпотребно чека некого....
Луки зашто да не го лежи ?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Затоа што работат камери и има закон, затоа нема да го лежат. Кај нас тоа е проблем, правиот има поголеми шанси да го јаде од будалата што си го ризикува животот а и животите на останатите учесници, дали поминувајќи на црвено, не застанување на пешачки и еден куп слични ситуации.
Иначе јас немам А, возам скутер со Б, а откако почнав да возам скутер драстично ми рипна вниманието кон моторите во сообраќај. Зошто знам и јас некогаш што правам со моторчето, а не треба.