Мене не ми смета ако колоната е застаната и моторчето ги поминува сите за да дојде прв на семафори додека е црвено и сите стојат.
АМА ако се движиме ондак треба да си дојде у лента и да си вози според правилата, кај несмее да претркува да не претркува, ај несмее да врти да неврти.
Или ако семафорот е зелен ама првиот чека да сврти лево на пример, неможе моторот да претркува колона и да помине пред тој првиот зашо шоферот е фокусиран напред, чека да му се ослободи место, не очекува некој да го претркува тогаш.
На раскрсници посебно многу пати сум бил сведок кога за влакно е избегнат судар зашто моторот претркува колона што решила да застане за да се расчисти гужвата (некој да се убаци од споредна улица на пример).