Кривична и граѓанска постапка се одвоени, таман работа секој оштетен да чека да заврши кривичната постапка за да може да си брка за надомест на штета.
Затоа ако се инати осигурителното друштво и вика не знам јас кој е крив, дај ми пресуда, ти можеш да си направиш сообраќајно вештачење каде вешто лице ќе утврди кој е крив и да си поднесеш тужба и граѓански суд ќе одлучува дали ти си крив или некој друг, а во меѓувреме ќе си тече кривичната постапка.
Што се однесува до различните рокови, кај регрес е 5 години затоа што таму важи општиот рок на застареност, а кај побарувањето за надомест на штета рокот е 3 години, конкретно определено со закон.