Јас вчера таму 180 возев на некои места, треба добро ценење на на сите ситуации, кај нас луѓето не знаат да возат, да ги пуштиш по германија колежи ќе биде, многу таленти има по патот, без размислување на последиците што ќе ги направат. Брзото возење не е толку опасно ако имаш технички исправно возило, и искуство во различни ситуации. Не се гледа само 50м напред туку се зимаат сите фактори кога се престигнува, се гледа и 500м напред, се анализира тој пред тебе како вози ако се мота подолго време пред тебе, дали забегува лево десно, дали можеби е пијан или уморен, дали можеби е од туѓ град па не знае каде треба да заврти со еден збор дали е сомнителен. јас имам поминато над 1 000 000км на тркала, сметам дека уште имам за учење, се силам само каде што ми се може и гледам да не ризикувам 95% од времето.
Хаха, смешен си.
Тој пат го поминувам три пати неделно со години. Не сте свесни колку ситуации се избегнати за пола ретровизор растојание. Ми имаат излезено во лента од спротивна насока и приморано во лента за застанување безброј пати, БЕЗБРОЈ ПАТИ, ме имаат тицано и влезено 2 сантима пред фар безброј пати, неколку пати и ми имаат закочено "да ме научат", имаат тицано во колона во слепа кривина во удолница на рид (таму полна лента не постои, всушност никаква лента не постои), ми имаат излезено истите тие што тицаат додека јас сум возел нагоре (пола ретровизор растојание), ми имаат излезено истите што мене ме тицаа бо слепата кривима што сум им свирел во левата лента за застанување (преку спротивна лента се до левата лента за застанување). Можам да продолжам, можам снимки да ставам, можам слики да ставам.. Мое искуство е дека народот не знае да вози, никој, никој, никој НЕ ЗНАЕ да вози. Се лепат на два метри до колата пред нив додека тицаат (се нема залет и се нема прегледност), никој не гледа во ретровизор (и да погледне нема да го види тој два метри позади него и ке тргне да тица), никој не дава жмигавец, никој, ама никој не вози 80 таму. (Па ни јас, си држам стсбилна 90ка), кај вклучувањата каде што е 50 никој не кочи и никој не седи во лента, само гледаат проширување каде што може да се тица. Патот е добар, возачите се срање.