Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3426113 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34295
  • Таков е животот... јебига
Наравоучение, кола е за транспорт, не за курчење.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Четворица Македонци се повредени и сместени во болница во Разлог по сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на патот Добриниште-Банско, јави бугарската новинска агенција БГНЕС.

Се работи за тројца 48 годишни мажи и еден на возраст од 41-на година, кои во моментов се наоѓаат надвор од животна опасност.

Извештајот за сообраќајната несреќа беше доставен во 23.50 часот минатата ноќ. Автомобилот со македонски регистерски таблички излетал од патот...

http://makfax.com.mk/daily-news/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0-%D0%B2/

Неофицијално 1,8промили алкохол кај возачот

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
20 секунда ->
Чист пример дека системот многу подобро реагира кога не кочиш зошто самиот знае на која страна да закочи за да и даде правец на колата натаму каде што била пред да изгуби контрола... Ова е на суво, различни услови меѓутоа концептот е тој и јасно се гледа дека многу помалце му треба да се исправи самиот отколку ти да му одмагаш со кочење и фрлање на воланот контра повеќе од што треба.
Како и да е ова се големи брзини и паниката не ти дава многу простор за размислување. Секој што не доживеал нешто вакво или слично мисли дека ќе може да изреагира, меѓутоа во даден момент пресудни се 2-3 секунди и да заврши фатално. Нека не му се случи на никого, да учиме од грешките на другите. :)

Видеово врска нема со она претходното. Ниту условите се исти ниту па на ова твоево се гледа овој што прави со рацете, што со нозете а што со газот. Споредбава е лудило. Изгледа најддобро ти е да ги кренеш рацете у ваздух и со насмевка на лицето да гледаш како колата за која си дал мало купче пари си ги заработува истите.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3698
Многу клипови гледате на интернет.  ;D

Додека системот да осети и исправи, магарето ојдело у зелките.  ;)
Се изначитав еден тон тези, сите се до некаде во право, ама Луки не ми е јасно што тражи магарето воф зелките?

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
20 секунда ->
Чист пример дека системот многу подобро реагира кога не кочиш зошто самиот знае на која страна да закочи за да и даде правец на колата натаму каде што била пред да изгуби контрола... Ова е на суво, различни услови меѓутоа концептот е тој и јасно се гледа дека многу помалце му треба да се исправи самиот отколку ти да му одмагаш со кочење и фрлање на воланот контра повеќе од што треба.
Како и да е ова се големи брзини и паниката не ти дава многу простор за размислување. Секој што не доживеал нешто вакво или слично мисли дека ќе може да изреагира, меѓутоа во даден момент пресудни се 2-3 секунди и да заврши фатално. Нека не му се случи на никого, да учиме од грешките на другите. :)

Видеово врска нема со она претходното. Ниту условите се исти ниту па на ова твоево се гледа овој што прави со рацете, што со нозете а што со газот. Споредбава е лудило. Изгледа најддобро ти е да ги кренеш рацете у ваздух и со насмевка на лицето да гледаш како колата за која си дал мало купче пари си ги заработува истите.
Нигде не спомнав дека е слична, ни блиску до иста ситуацијава. Цело време правам маубет околу тоа како функционира системов и зошто попаметно е да го исправиш воланот и да не кочиш во дадена ситуација отколку да се тепаш со воланот и да маваш на кочница како идиотот со Audi-то погоре... Изгледај 3-4 пати ќе сфатиш дека на видеово нема воопшто кочење туку мала маневра со воланот, системот прикочува сам и ја исправа колата. Да немаше DSC ќе леташе у царевката братот... ;D Ми се има случено вакво нешто на висока брзина и самиот ја направив таа грешка од паника мотав контри колку можам да ја исправам колата, само што ми текна да не кочам па ја олеснив работата... Исто ми се има случено на малку подлигавен пат со нови гуми да избега позади, ако го задржиш воланот во точна насока каде што сакаш да одиш системот прикочува и те праќа натаму...( Не викам дека не може да те прати по ќерамиди ;D не можеш 100% да се ослониш на ова, ама е еден вид многу добра сигурносна направија) Буквално DSC му го спаси животот на идиотов погоре што претицуваше камион и кола наеднаш.
Ме има спасено и мене од беља.
Еве едно видео каде се објаснува како функционира системот. Блокира на тоа тркало каде што е пролизгувањето, ако во моментот ти кочиш и го бацаш воланот како несалам, само му ја отежнуваш работата со тоа што ја изменуваш целата траекторија на возилото, наместо да те врати во првобитната положба, ти губиш контрола. :) 00:47 Always point the wheel in the direction you want to go.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Да можи ќе те спаси ама на 60-70.. на 140 тешко дека ќе те спаси ако само го држиш воланот со насоката кај што сакаш да одиш и не правиш друго ништо.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Се изначитав еден тон тези, сите се до некаде во право, ама Луки не ми е јасно што тражи магарето воф зелките?

Магаре или било кој добиток, кога треба да направи зијан, да пасе и јаде таму кадешто не смее најчесто се движи со брзина блиска до брзината на светлината.

Така и системите. Ако возиш со околу 140кмч значи се движиш со околу 40 метри во секунда. Додека да се уклучат системите е прашање на стотинки/милисекунди. Но... Додека се уклучат самите системи, ти не престануваш да се движиш со 40метри во секунда по неконтролирана траекторија и со изместен баланс, триење и тежиште. Ако си во најлева лента, банкината е на околу метар од тебе. Ако си во средна лента, колите се на околу метар од лево и од десно. Па човек нека удри есапите дали сака систем да му го спасува газот или разумот.

Исто како и магарето кога пробува да иде во зелките. Знае дека ќе го јаде стапот, ама тоа не го спречува да ја грицне зелката што тргнало да ја грицка. А после бељата, и да погине ќе гледа колку толку да се спасе.  :)

пс. Јас видеа нема да постирам, пошто знам да сметам на диѓитрон, и некако ме фаќа страв од бројките и резултатите.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Буквално DSC му го спаси животот на идиотов погоре што претицуваше камион и кола наеднаш.
Ме има спасено и мене од беља.
Мала дигресија од муабетот. На страна пречекорувањето на брзината - но каде беше грешката на тој што претекнуваше? Нели згреши тој што му пресече пат на веќе почнато претекнување?
(значи гледано од аспект на сообраќајни правила, не од аспект на опрема, техники или способности)

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Буквално DSC му го спаси животот на идиотов погоре што претицуваше камион и кола наеднаш.
Ме има спасено и мене од беља.
Мала дигресија од муабетот. На страна пречекорувањето на брзината - но каде беше грешката на тој што претекнуваше? Нели згреши тој што му пресече пат на веќе почнато претекнување?
(значи гледано од аспект на сообраќајни правила, не од аспект на опрема, техники или способности)
Најголеми бељи настануваат кога не внимаваат двајца, а не само едниот... Ете овие спасија гз... Мислам дека тој што не погледна во
 ретровизор пред да претекнува направи многу поголема глупост.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
А не ае лажиме патон не е за 144,  а  тешко дека ќе го запримети на таа брзина.


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Фордот оштетен, ама се средува...
Нека преживее чупево, да потпиши европски.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
не беше смешно ова ипкси...

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Не ми беше намерата да е смешно, ама некој ако мисли да крши глава, нека крши настрана, не мора туѓ имот да оштетува... освен ако е нејзин Фордот, тогаш е друга ствар.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
U pm, sekoj den ili nekoj nekogo ubiva ili se samoubiva :(((( a fordov u pm, nov ford, ke se popravi, ama posle so shube da go vozis celo vreme ...