Значи, ај малку здрав разум..
1. Не можам да објаснам колку е погрешно да се споредува кола стара 30 години со кола стара 10 години и со кола стара 2-3 години. Благодарение на сите тие грдни легислативи, безбедносни системи и унапредувања во технологијата за производство на автомобилите, поновите автомобили се драстично побезбедни. Да се негира ова е идење контра здрав памет. Со други зборови, да се слупам со кола стара 3-4 години со 50 км на саат во фиксна бариера нема да ми биде ништо (see Top Gear Megane crash). Да го направам истото со 30 години стара кола, последиците ќе бидат драстично поголеми.
2. Не знам зашто упорно се негира постоењето на здрав разум. Живееме во држава во која здравиот разум е ограничен, ама сепак постои. Како што реков, постои драстична разлика од возење брзо каде условите тоа го дозволуваат, до возење брзо као морон. Како ќе ја знам разликата? Јебига, 11 години возачко искуство, повеќе од 100.000 поминати километри и преку 100 различни возила нешто значат. Не викам дека сум најдобриот возач во свет, не викам ни дека сум некој особено добар возач, ама имам искуство, а тоа нешто значи. Искуство, плус здрав разум на скоро 30 години (и има драстична разлика во расудувањето на 20 и на 30 години, да бидеме искрени) имаат некакво влијание. Можам да зборам за себе, не зборам за другите.
3. Квалитет на патишта е од исклучително значење. Филипв, сам знаеш какви се патиштата нагоре. Македонскиве патишта е срамота да се споредуваат. Хрватска нека биде пример - 130 е дозволено на автопат - комотно цело време можеш да возиш 160 (нели, ако имаш здрав разум, види погоре) без око да ти трепне. Ама патиштата се такви.
4. Како што старите возила пред 30 години биле проектирани да возат 130, новите возила се проектирани да возат (рецимо) 200. On top of that, благодарение на подобрената изолација, пренос, намалената бучност, итн, јас се кладам дека ниту ФилоМКД ниту Кими Македонски ќе можат да проценат вистинска брзина на движење на автопат на некој понов автомобил.
Значи.. Да бидеме реални. НИКОЈ тука не тврди дека треба да се вози 200 во град, и никој не спие на увце дека ако се здрви со 200 на саат у стуб ради безбедносните системи ќе преживее. Но сосема е очекувано и реално да се очекува дека оноа што се преживувало при удар со 30 на саат пред 30 години, сега се преживува при удар со прилично поголема брзина.