Уште еден загинат пешак во сообраќајна несреќа
За помалку од 24 часа откако беше прегазена стара жена на булеварот Јане Сандански во Скопје, денеска попладне 28 годишен тетовчанец прегази постар маж.
Денеска околлу 12:30, 28 годишниот тетовчанец Александар А., со својот "Ровер" удрил во маж, кој починал на местото на несреќата, на улица “Илинденска“ во Тетово.
Засега не е познат идентитетот на жртвата. Полицијата врши увид на местото на несреќата.