Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3423371 пати)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Од... спротивна насока?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Од... спротивна насока?

Да, доаѓал од насока на Лептокарија и улетал во спротивна насока на самата раскрсница. Брзо се возело и многу малку луѓе видоа што точно се случи, ама имаше кратко шкрипење и многу силен удар, од бемвето летнаа парчиња до самата бензинска. јас не видов зошто точев гориво тогаш ама едни дечки што поминуваа од тука рекоа дека Мерцедесот улета во спротивна насока.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Требало да го акнат меецедесот... Така бандерата, ни крива ни должна

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Имате ли некое плус инфо за сообраќајката што се случила пред два дена на раскрсницата со хотел Метропол, Охрид? Девојки во кола излегувале од Метропол да се приклучат на главниот пат кон Охрид и од правец кон Св. Наум, прилепска А6ка со 160 км/х се забила директно во возачката врата. Девојчето што возело, на лице место починало а другите девојки биле тешко повредени.  :(

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Зар и такво нешто се случило?
Пу, ја-з'к

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Дап, последниве денови само за тоа слушам. Пред некој ден имаше вештачење на влез на Прилеп, исто почина другар мој. Абе...

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Има некое инфо повеќе за А6ката? Обично одма се разбира по фб за вакви случки, како ова му промакнало?!
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Имате ли некое плус инфо за сообраќајката што се случила пред два дена на раскрсницата со хотел Метропол, Охрид? Девојки во кола излегувале од Метропол да се приклучат на главниот пат кон Охрид и од правец кон Св. Наум, прилепска А6ка со 160 км/х се забила директно во возачката врата. Девојчето што возело, на лице место починало а другите девојки биле тешко повредени.  :(

https://www.ohridnews.com/tragedi-a-na-patot-ohrid-sv-naum-vo-teshka-soobra-a-na-nesre-a-zgasna-mlad-zhivot-pove-emina-povredeni/

Оваа сообраќајка да не е? Ова било пред 10 дена, не два, и немало Ауди вклучено...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Не е оваа, за оваа се пишуваше.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Не знам, @MartinAlfista мислам дека не е оваа, кажувам како што ми беше кажано, затоа и се распрашувам вака. Ваљда за црна хроника не треба расипан телефон да си играме.

Што се однесува за случајот со влезот на Прилеп случката е следна - кај што завршуваат трите ленти надоле по Плетвар се наоѓа еден мост наречен Ленишки мост па релативно права делница долга отприлика 1.5 км па следи дупла кривина десно-лево на која се наоѓа уште еден мост наречен Заполшки мост и под него тече Заполшка река (читајте поточе). Од левата страна на кривината се наоѓа насип со земја.

Дечкото (20 год) се враќал со девојка му (19 год) од викендица од с. Лениште (од таму и името на првиот мост)  и успеал да го забрза возилото, според вештачењето, помеѓу 160 и 180 км/х. Не успеал да ја фати двојната кривина, полетал на насипот (имало траги на гуми кои започнуваат од асфалтот и завршуваат сред насип) и слетал во самата река.

Возачот починал само што го извлекле од кола, девојката била со денови во кома без да знае дечко и дека е починат. Тоа е ако не е траума, не знам што е.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Во Македонија од кога ги укинаја рестрикциите за корона, повеќе луѓе гинат во сообрајќајки него од корона. Јас незнам како можи како народ за ништо да не не бива, дури ни за возење.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Има некое инфо повеќе за А6ката? Обично одма се разбира по фб за вакви случки, како ова му промакнало?!
Толку многу се, што некои секако остануваат не објавени.
За жал секојдневно гинат луѓе по патиштата наши.
Да се пишуваше за сите, фејзбук ќе беше преплавен само со сообраќајки

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Според мене треба малку тие сообраќајните инженери да си го стават прстот на чело и да стават таму кај што има потреба и простор успорувачи т.е. легнати полицајци, кружни текови (за успорување), семафори трепкачи итн.
Полицијата исто да стои редовно на критични места и да мери брзина, казнува, одзема возачки па и возила...
Многу добро се знае каде се вози пребрзо т.е. кои се црните точки низ државава.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Идиотот што сака да забрзува од 0 до 100 за 5 секунди на 40 ограничување, ќе си најде чисти 300 метри за дивеење.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Не знам, @MartinAlfista мислам дека не е оваа, кажувам како што ми беше кажано, затоа и се распрашувам вака. Ваљда за црна хроника не треба расипан телефон да си играме.

Што се однесува за случајот со влезот на Прилеп случката е следна - кај што завршуваат трите ленти надоле по Плетвар се наоѓа еден мост наречен Ленишки мост па релативно права делница долга отприлика 1.5 км па следи дупла кривина десно-лево на која се наоѓа уште еден мост наречен Заполшки мост и под него тече Заполшка река (читајте поточе). Од левата страна на кривината се наоѓа насип со земја.

Дечкото (20 год) се враќал со девојка му (19 год) од викендица од с. Лениште (од таму и името на првиот мост)  и успеал да го забрза возилото, според вештачењето, помеѓу 160 и 180 км/х. Не успеал да ја фати двојната кривина, полетал на насипот (имало траги на гуми кои започнуваат од асфалтот и завршуваат сред насип) и слетал во самата река.


Возачот починал само што го извлекле од кола, девојката била со денови во кома без да знае дечко и дека е починат. Тоа е ако не е траума, не знам што е.

https://www.google.com/maps/@41.3594385,21.5903982,3a,75y,247.58h,85.92t/data=!3m6!1e1!3m4!1s3WxmLeqxxsSQHG5C7mUPRw!2e0!7i13312!8i6656

Tука е ова?

Како бе 160 на регионален пат, абе како сами да си ја повикуваат белјата и смртта, не ми е јасно.