Да ве потсетам само на мојот став за неисправноста на автобусите, и пандорината кутија што ќе се отвори ако тоа испадне причината. Кутијата полека се отвора.
Јас изгубив школски другар, 14 семејства изгубија сакана личност, стотици подалечни семејства ќе останат завиени во тага. Компании изгубија извонреден кадар, факултети изгубија надежни студенти.
Никогаш не верував дека ќе се јавувам по луѓе да позајмам кола за да можам на другар ми да му оддадам последна почит.
Се заради автобуски превозник кој го хакнал македонскиот систем и за своите автобуси отворил технички преглед, па сите автобуси некако магично - станале исправни.
Градов и онака е језив во зимски период, ама каков очај владее денес... Не би посакал ни на душман да почувствува.
Нека почиваат во мир загинатите, а на тие по болници им посакувам најпрво психички да ја пребродат оваа траума, за другото полесно е...