Што да се јавам... Трагедија.
Да не јадам гомна, се надевав дека е здравствен проблем на возачот причина за несреќава, а не технички проблем кој ќе ја отвори пандорината кутија на гостиварските превозници... За жал ќе се испостави дека е технички проблем на престарените автобуси кои веќе 10 години оперираат секојдневно.
Превозников има 9 линии во денот кои се покриени од два идентични автобуси, двата преку 20 години стари. Претходно си вртеле километри во странство, па се пензионирале од таму и продолжиле кај нас. Со таков распоред на возење, не знам кај наоѓаа време да ги сервисираат соодветно. Одамна се осеќаше дотраеноста и растропаноста на автобусиве, прашање на време беше кога нешто катастрофално ќе откаже...
Трагедија за градот, во секој момент чекам да слушнам лоша вест за некој што го знам или познавам...