Што е со луѓево не знам, пред некој саат сообраќајка на семафорите кај Расадник (Првомајска), понатаму на семафорите кај Цементара (Првомајска).
Околу 4 саат си возам по улица со две ленти од страните оградена со ивичњаци (тротоар), што значи нема многу простор за бегање.
Од спротивната насока иде некое циганско моторче (споро возило) и позади него комбе и кола се влечат. Ме гледа овој со комбето дека се приближувам ама сепак решава да го заобиколи, океј ајде помина, ама се пушти и колава да го заобиколува а јас веќе на 3 метри од нив, гуската у кола мува не ја лази и си шиба, јас гледам дека најмалку ќе се мавнеме со ретровизори и идам уште десно, гребев малку со гумата во ивичњак и за среќа поминав само со тоа, без оштетувања.