е сега во ова време, ти може и да си пијан при сообраќајка, и ке си добиеш казна за тоа што си возел под дејство на алкохол... ама полицијата и понатака ке истражува и проверува кој бил крив за сообраќајката... што ми е апсолутно ненормално и нереално.. кртако и јасно порано важеше следново:
-пијан
-нерегистриран
-без возачка
ако си направил сообраќајка, КРИВ СИ и не битно е кој од каде дошол, кој на кого му исекол пат... ти едноставно, не си смеел да бидеш зад волан и да возиш, АБЕ НЕ СИ СМЕЕЛ ТУКА ДА ДОЈДЕШ... крај на муабетот...
Во ред ова ти што го кажуваш, ама пак мислам поарно е што повеќе не е така.
Пример:
Човек со жена му си бегаат од слава од кај брат му, 1.5 нека има алкохол, застанува на семафор, чека зелено, си тргнува.
Друг од лево тркач, користи празни улици навечер, гледа затворе црвено, не кочи си вика има време ќе прелета,
го мава под прав агол овој другиот и гинат со жената.
Според тебе, тркачот ќе си оди дома ко ништо да не се случило оти овој другиот беше пијан и е крив.
Јас сметам дека така нема да биди во ред. Секој со својата казна.