А бензин имал ли пикапов ? На бензин не палел, па на плин сте пробувале да го палите ?
Прво плинот мириса ако почне да тече. Второ плинот од расплињачата не излегува во течна, туку во прашковидна форма.
Мене повеке веројатно ми е дека од казанчето од карбураторот почнало да му прелева бензин, пошто викаш дека сте го туркале за да запали, најверојатно на бензин не ви палел така ?
Ова ти го зборам пошто и јас со болидот имавме таков проблем, пошто и мојот болид има ист карбуратор како овие заставини мотори што користат.
Проблемот е во тоа што кога возилото се вози на плин, казанчето е празно и удира во дното од казанчето, а таму има дизна која успева да го дупне пловакот. Да, да го дупне, кај нас тоа се случуваше, ке се наполнеше пловакот и тој ке пропаднеше и колата пресисуваше и од карбураторот течеше бензин. Ние тоа го решивме со тоа што долниот дел од пловакот што маваше во дизната го подвиткавме, убаво со калај го запечативме пловакот и сега за сега од тогаш нема гајле.
Затоа мене повеке ме влече дека му протекло бензин од кај карбураторот, кој се сливал надоле кон свекиците и така се запалил, а не плинот, затоа што кога колата не работи, плин има само до расплињачата, а не до моторот, кога ке дадеш контакт, доага струја до расплињачата за да може да пушта плин, односно моторот вакуумски да го влече плинот од расплињачата.
И уште нешто, ако тврдиш дека од плинот избил толкав голем пламен, ондак сумлива ми е работата како не ви мирисало на плин ?

Значи според мене ми делува дека е од бензин, протечено од кај карбураторот или некое скапано црево што донесува бензин до карбураторот, ама како сакаш ти така мисли си во врска со плинот.