Ахтунг и ти си продавач како што може да видам ама ајде да сме реални. Во договорот стои купопродажбата е по принципот видено купено и купувачот нема замерки за техничката исправност а продавачот не одговара, така нешто беше, само друг е моабетот, треба ли да си човек да посочиш на такво нешто кое што може да биде фатално не само по возачот туку и по останатата околина? што ако наместо бандера биле група деца што си идат од училиште, мајка со дете во количка, група луѓе на тротоар, што ако споната издржела уште километар два и дошле до автопат? Ако некој решил да ја купи ќе ја купи, спона е максимум 50еур и сигурно немало да го одврати од купување затоа што е потрошен материјал. Да сокриеш дефект во мотор мењач диференцијал компјутер ок, ама ова може да биде фатално, ѓубре!