Автор Тема: Дали возилата имаат „душа“?  (Прочитано 9667 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #30 на: 26 Јули 2012, 15:36:29 pm »
Кај нив и гомната им имаат душа, па си ги чуваат под пазуви.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #31 на: 26 Јули 2012, 15:39:21 pm »
^^ Поента?

Инаку, во Италија, храна, вино, автомобили, кондури, одела, архитектура, дизајн, се` е правено со душа. Ако ти смета, твој проблем. Мене баш ми се допаѓа тоа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #32 на: 26 Јули 2012, 15:40:20 pm »
Не ми смета. Зошто би ми сметало? И јас го мислам истото.

А поентата е во тоа што сите прават нешто со душа. Ама жабарите најмногу се лигават во врска со тоа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #33 на: 26 Јули 2012, 15:46:56 pm »
Душа = карактер според мене.
Имаш куче, знаеш како да го скротиш да не им ги „пумпа“ нозете на гостите. Си му го научил карактерот.
Имаш кола, само ти знаеш со какво возење најмалку ти троши, до каде и се границите.. Си и го научил карактерот.

Пак ќе кажам се што може да има карактер, има душа.
Душата во колите ја наоѓаме гледајќи ги човечките особини на самата кола.

P.S. По ова погоре што си го напишав, сфатив дека фактички сите ние сме шизофреничари. :D

Отсутен bobi010

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #34 на: 26 Јули 2012, 15:48:41 pm »
Дури и воланот понекогаш го галам  ;D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #35 на: 26 Јули 2012, 15:49:16 pm »
P.S. По ова погоре што си го напишав, сфатив дека фактички сите ние сме шизофреничари. :D

Јас и јас не се согласуваме со ова! :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #36 на: 26 Јули 2012, 15:50:23 pm »
Душа = карактер според мене.
Имаш куче, знаеш како да го скротиш да не им ги „пумпа“ нозете на гостите. Си му го научил карактерот.
Имаш кола, само ти знаеш со какво возење најмалку ти троши, до каде и се границите.. Си и го научил карактерот.

Пак ќе кажам се што може да има карактер, има душа.
Душата во колите ја наоѓаме гледајќи ги човечките особини на самата кола.

P.S. По ова погоре што си го напишав, сфатив дека фактички сите ние сме шизофреничари. :D

А бре Алфиста, имаш интересни погледи на животот ...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #37 на: 26 Јули 2012, 15:54:20 pm »
Ја редовно си ја галам колата.

Енивеј, за мене колата дефинитивно има душа, ама мора да разбереме сите дека тоа е крајно субјективна работа. За некого некоја кола може да има душа, за некого не. Во секој случај, нашите искуства и сеќавања дефинитивно влијаат на тоа како ние го перцепираме автомобилот. Е сега, се слагам со велештрумф дека и немора да биде така. Алфи многу малку сум возел, али одувек ми имале нешто специфично. Е сеа, не сите Алфи.

Во секој случај, коли со највеќе душа на форумов? Жутиот Голф на Дарио и 155-ката на Куоре. И двете заради љубовта која сопствениците ја имаат кон нив.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #38 на: 26 Јули 2012, 15:59:59 pm »
А хондата на Боки? Тиграта на ЈАН (повеќе „душа“ здравје, тој сам ја створи колата)? ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #39 на: 26 Јули 2012, 16:03:24 pm »
Мое мислење, не мораш да се сложиш со него, а тоа дали некој сам ја створил колата или не, мене лично не ми игра улога. И реков коли со највеќе душа, не реков дека другите коли немаат.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #40 на: 26 Јули 2012, 16:05:15 pm »
Секоја кола си има душа, но дали сопственикот ке ја види и процени, тоа е знак прашалник.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #41 на: 26 Јули 2012, 16:07:28 pm »
А бре Алфиста, имаш интересни погледи на животот ...

Тоа болдираното е пример.
Друг пример е што во било која перална да ја дадам колата, секогаш ќе најдам ѓубре на местата кои перејќи ја дома сум открил дека собира песок и кал. Сум и го научил карактерот.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #42 на: 26 Јули 2012, 16:08:55 pm »
Тоа не е карактер. Тоа е последица на дизајн.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #43 на: 26 Јули 2012, 16:10:15 pm »
Класен се надевам дека на С16 само го заборави пежото од форумов. За мене „душата“ на колата е поврзана со сите моменти кои сум ги поминал со неа и сите сеќавања кои ги буди кај мене.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8531
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Дали возилата имаат „душа“?
« Одговори #44 на: 26 Јули 2012, 16:10:42 pm »
Сите коли имаат душа. Поготово старите. Секој својата кола на форумов гарант си ја сака и си има душа. Сем тие што јавно кажуаат дека не ги бива и би возеле нешто друго.

Јас колата многу си ја сакам, искрено од дете многу сакам 155 ка алфа па потоа и 156ка. Сакам нормално секакви коли ама кога сум до овие ми даваат некое псебно чуство, што не го осеќам ај другите коли.