Морам да признаам ми олесни кога прочитав некои од постовите, се препознав и увидов дека не сум само јас таков

-исто како онак и јас морам да имам непарен број на радио, систем, телевизор, 13-ката и јас ја скокам. Мое објаснување е дека 13-ката е баксуз број, а парен број цвеќиња се носи на погреб и затоа ги скокам, друго рационално објаснување немам.
-лето/зима спијам покриен со јорган или чаршаф (зависно од годишно време) покриен преку глава.
-кога спијам мора да биде апсолутна тишина.
-како мал секогаш кога влегував во WC го затворав носот со прсти, со тек на време ми се створи некој механизам да можам да го затворам сам носот без прсти како некој внатрешни клапи, од ова имам неколку предности, можам да јадам работи што ми се одвратни и да глумам дека ми се вкусни пошто не им го осеќам вкусот, се изолирам од непријатни мириси и одлично глумам настинат со затнат нос

во врска со колата не поднесувам тропкање на подвозје, мразам да ми светат сијаличиња што не треба да светат и обратно мразам кога не светат сијаличиња што треба да светат. Го мразам делот кај отворите од вентилацијата кај што ми е бојата од пластиката 2 милиметри олупена од парфемот од ферал за кола, воедно предупредување немојте со парфемите од ферал да прскате на обоена пластика ја јаде како киселина бојата.