Прекрасно. Никогаш не ги разбрав екраните во колите. Особено оние кои се за мп3 слушање и радио. Да се гледаа филмчиња да разберам, ама за да ми скрола името на песната не гледам логика да е наонолкав екранот. И навигација е океј исто.
Башка што екранот како екран изгледа многу неугледно, особено кога нема ништо битно на него или е исклучен. Во новиот Фантом се утепаа од мачење да го скријат екранот како знаат и умеат за да не ја грдее колата. И за 5 години да не изгледа антички.
Сите измислуваат нешто да се дешава на екранот дур возиш за да не испадне дека е за џабе ставен. А за џабе е најчесто.
