Ахем... Мислите на врвното достигнување во форма на Хјундаи Бљак?
Не ми се отвара уста (или малтретираат прсти) за изборот на автомобил на годината во Македонија, нити па за квази-победникот... Aма ај еве на кратко...
- 12 финалисти е изузетно тешка глупост... Ако ти останале уште 12 конкуренти, имаш барем уште два круга до финалето;
- мислам дека критериумите недоволно го прецизираат тоа што уствари се бара од еден кандидат и/или победник на ваков натпревар;
- нека му е честито на победникот т.е. носителот на дефиницијата за „колку пари, толку музика“ (ама на тивко)... Во некоја друга тема спомнав дека, тој конкретен ix35 што го возев, беше најскапиот модел, со све и свашта унутра, односно, евтина имитација на луксуз. Воланот е безосетен (али ок, повеќето нови возила се жртви на ова), педаљите се ко да газиш во сунѓер (иако сунѓерот нуди подобар фидбек), чувството (или недостатокот на истото) на мењачот би го споредил со движење на жежок нож низ путер, а моторот е бездушно, латентно копиле, кое би требало да се расфрла со многу сила и вртежен момент, а во реалност, нема ништо од тоа.
Енитинг елс?
