@Diesel:
Абе, види вака.. Земи го било кој луксузен (значи, идеме чекор над премиум) бренд и види каков им е погонот.
Ролс, Бентли, (покоен) Мајбах, Мерцедес, Бенџамин, Лексус, итн.. Сите се со погон на задни (или на сите четири, во зависност од моделот и желбите на купувачот).
Е сега, другиот муабет - ако почнеме што има што за колку пари, муабетот нема крај.
Барем според мене (а ја не сум некој фактор) Сузуки е најмалку две скалика подоле од Ауди. Да, колите на Сузуки се скоро неуништиви и ќе издржат и нуклеарна експлозија, ама едноставно не се споредуваат ни со VW, за Audi да не праиме муабет. И не праиме тука муабет за квалитет, праиме муабет за имиџ, дизајн, финална обработка, материјали, итн. Мене ми е бед што Опел и Фиат се асоцираат со Сузуки па си го разводнуваат брендот, камо ли па другиве..
ОК е, те разбирам. Сакав да кажам дека мерило за премиум не е опремата. Тамам работа ако Сузуки беше на исто рамниште со Ауди.
Мене на пример, повеќе ми одговара погон напред. Никогаш нема да влегувам во кривина со 130, за да ми значат нешто возни својства. Никогаш не сум го гледал тоа кај кола.
Јас прво кај автомобил приметувам - надворешен изглед (btw, тука Алфата е неприкосновена, дури и пред А класа), бренд (again, обожавам Алфа) и квалитет на материјали, завршна обработка (можеби не е на ниво на Германците, но е проклето блиску), па тек опременост, со напомена - ако пари не се проблем.
Сакаш да кажеш дека на Алфа Ромео Џулиета и недостасува имиџ, дизајн, финална обработка, материјали, итн.? Не се согласувам, ако е тоа случај.
Плус, и јас сметам дека Џулиета е премиум, не заради цената, опремата, перформансите, туку поради имиџот и престижот.
Според мене, престиж е да возиш Џулиета, и треба доста муда за тоа. Тоа е тоа што го прави еден автомобил премиум.
Имиџот и престижо се чиста субејктивност на тој што размислува за колата или пак некаков си маркетинг ефект или слично. Особено муда за да возиш алфа воопшто не е потребно, потребна е само желба. Така да заклучок, набројаните работи немаат врска со мерилото дали е колата премиум или не. Дефиниција за премиум знае ли некој што е?
ОК, тоа си е твое мислење. Имаме Алфисти на форумов, нека кажат дали треба муда да поседуваш Алфа. Желба имам преголема, но немам муда (читај: ПАРИ) да ја купам, прво, па да ја одржувам, второ, и да ја појам, трето.
Плус, баш престижот го дефинира премиум автомобилот - зошто би купил премиум Ауди А3, кога го имаш "народниот" Голф, што е истиот автомобил, комплетно, за помалку пари?