Новата А Класа на Mercedes во изведбата AMG, која ќе се продава под полно име А45 AMG e најмоќниот хечбек на светот тврдат тест возачите на AMG кои ја тестирале на патеката Хокенхајм.

Во паузите на тестирањето автомобилот е ставен на динамометар за мерење на моќноста бидејќи тест возачите сметале дека располагаат со повеќе од наведените 330 КС.
После мерењето утврдено е дека 2.0 литарскиот турбо бензинец на А45 AMG ослободува 350 КС кои го претвораат во најмоќен сериски хечбек на светот. До сега пред него беше само Audi RS3 со 340 КС извлечени од 2.5 литарскиот турбо со 5 цилиндри.
Максималниот вртежен момент на A45 AMG изнесува 450 Nm. Toj носи поцврсто подвозје кое е и пониско од обичната верзија за 25 mm. Сериски доаѓа со бандажи од лесен метал од 18 инчи, а со доплата се добиваат бандажи од 19 инчи.
Погонот е на четири тркала преку централна електрохидраулична спојка на Haldex од најнова генерација и менувач со две спојки и седум степени на пренос. Погонот дозволува спринтот до 100 km/h да биде спуштен на помалку од 5 секунди.
Максималната брзина е ограничена на 250 km/h, но кој сака блокадата може да биде поставена на повисоки 270 km/h. Mercedes ја најавува премиерата на А45 AMG за во март на салонот во Женева.
Цената би се движела во рамки меѓу 45.000 и 50.000 евра. Од Mercedes ги објавуваат и фотографиите на делумно маскираниот отровен хечбек.
http://www.vozi.com.mk/vesti/najmokjniot-seriski-chechbek-na-svetot.html