Skoda одлучи официјално да им ја прикаже новата Octavia на новинарите во Чешка преку организирање на тест возење и им дозволи да ги објавуваат информациите за новиот модел.
Интересно и покрај официјалното прикажување во Skoda одлучиле да не ги откриваат сите детали на новата Octavia. Па така остануваат ситни камуфлирани парчиња на каросеријата како аголот на предните светла, светлата за магла во предниот браник и рамката и малото стакло од задните врати.
Сепак сликата за обликот на новата Octavia e јасна. Исто така е јасна и техниката. Платформата е MQB на која почиваат новиот Golf, Audi A3 и Seat Leon. Како и до сега Octavia е најголема во групата.
Новиот модел е поголем од актуелниот. Подолг е за 90 mm и вкупно мери 4.569 mm, а меѓуоскиното растојание нараснало за добри 108 mm и сега изнесува 2.686 mm. Димензии кои ветуваат уште повеќе простор во кабината, но и во багажникот.
Неговиот волумен нараснал на 590 литри, актуелниот модел 585 литри. Колку за споредба багажникот на значително поголемиот Superb има волумен од 595 литри.
На почеток Octavia ќе се нуди со турбо бензинците од 1.2, 1.4 и 1.6 литри и со дизелите 1.6 и 2.0 литри. Чешките новинари наведуваат дека Octavia располага со нов мултимедијален систем преку кого можат да се менуваат параметрите на возилото.
Така возачот ќе може да ја смени работата на моторот да вози поштедливо или побрзо, да се поддеси јачината на асистенцијата на електричното серво и работата на роботизираниот менувач со две спојки DSG.
Понатаму тие велат дека комфорот е на повисоко ниво, ослонувањето исто така е насочено кон комфор, а изолацијата од бучава во кабината е значително подобра. Продажбите во Чешка ќе стартуваат во февруари 2013 година.
Останатите пазари ќе ја добијат подоцна, а производството освен во фабриката на Skoda во Чешка ќе се одвива и во Русија.
http://www.vozi.com.mk/vesti/skoda-octavia-oficijalno-pretstavuvanje.html