Али ова - Вејрон поставува нови стандарди, и токму тие 1.000 коњи треба да се бенчмарк за останатите, да се обидат да ги достигнат. Што е поентата да се натпреварува таа бројка да ја помине? Ќе го цитирам Jezza - Конкорд момент.
Ептен не ми е јасно што сакаш да кажеш. 1000 коњи, мислам ние гледаме некои Голфови ГТИ, V6 машини и ги нарекуваме ѕверови. Гледаме Ферари со 500 коњи и сите паѓаме во несвест. Ама 1000 коњи? И сега Ферари е геј што не ги достигнал? Нема поента да се извади едно ново легендарно супер возило само затоа што нема 1001 коњ? Мислам, немој да ме јебеш. Не правиме муабет за камиони, багери, бродови, локомотиви. Правиме муабет за автомобили.
Никој не рече дека Ферари е геј - прва работа. Ние што гледаме ГТИ, V6 и паѓаме во несвест - тоа е недостаток на времето во кое живееме, и условите во кои живееме. Никогаш не пререков дека сме криви за тоа, али мораме да ги рашириме хоризонтите малку, и да гледаме пошироко. Каде ќе беа (пример) денешните милион-кор процесори, без Пентиум 2?
Поентата ми беше - ако не се возилата како Вејрон, нема да има напредок. Знаеш што е Форд Модел Т, нели?
Башка, на крајот, каде го спомнав Енцо? Кај го оспорив Енцо и неговите квалитети? Го прочита ли мојот пост? Јас го извадив делот од твојот пост, што сакав да го продискутирам. Енцо - го немаше ни таму, ни во мојот пост, така да..
Ќе те замолам, "не те јебам" воопшто. Има теми за таков начин на комуникација - Рекла-казала, пример. Овде, мислам дека не му е местото. Башка, кај ги измеша багерите, бродовите, локомотивите.. Немој, молимте.
@RedBaron
Ти не знаеш што збориш другар.
Зарем Ферари треба некого да достигнува..?
Знаеш ли ти уствари што кола е Ферари Енцо..?
Јас незнам што зборам? Фала ти - кога направи ти муабет со мене, за да знаеш дали јас знам што зборувам?
И да, Ферари треба да стигнува - факт е дека Вејрон е подобар автомобил од било кое модерно Ферари, по перформанси и бројки барем.
Сигурен сум дека и ти незнаеш што кола е Енцо. Истото важи и за тебе, како и за Фаланга - каде го оспорив Енцо, за да реагирате толку жестоко? Полека малку, прво прочитајте ги постовите подобро, па реплицирајте.
п.с. ќе ги замолам админот и модераторите вакви агресивни постови во иднина да ги санкционираат, со "јебење" и "не знаеш што збориш". Причина, никого не повикав на таков начин на комуникација.
Благодарам.