@Бушав: Нема ништо лошо во тоа што Мерцедес решил да земе веќе проверени и докажани мотори. Едноставно (мене, субјективно) ми е малку „кршење филм“ што Мерцедес зема мотор од било кој друг производител, нема врска што е Рено. Истото чувство го имам кога Опел зема модели од Сузуки, Фиат, Исузу, итн. Објективно, имиџот на Мерцедес и Рено не може да се споредува, настапуваат во целосно различни ценовни сегменти, и мене ми е малку како да се разводнува брендот.
И сигурен сум дека не сум само јас - него дека така размислуваат и луѓето од Мерцедес. Зошто не ја истакнуваат повеќе соработката со Рено? Од друга страна, ова е само потврда за Рено дека произведува квалитетни и издржливи мотори. И во ниеден момент не го употребив зборот бедно, бидејќи не е. Ќе го имав истото чувство ако беше 1.6 TDI од VW. Тоа што Ауди користи мотори од Фолксваген и не е до толку чудно, бидејќи се работи за иста фирма.