Лепота!

спораките на новата Mercedes А Класа почнуваат на 15-ти септември. Моделот за кого веќе се направени преку 40.000 нарачки е достапен и во Македонија по цена од
22.950 евра.
Факт е дека со новата А Класа, Мercedes отвора ново поглавје меѓу компактите како со нејзиниот привлечен и динамичен дизајн така и со високата технологија која е вградена во моделот.
Дека допадливоста доаѓа на прво место говори изборот за автомобил со најдопадлив дизајн на реномираниот германски магазин Auto Bild чии читатели најголем број од своите гласови ги дадоа токму на Mercedes А Класа.
При изборот на својот автомобил купувачите ќе можат да се одлучат за една од линиите Urban, Style и AMG Sport и со нив еден од трите дизајнерски пакети Night, Exclusive и AMG Exclusive.
Секој од нив одговара на поединечниот вкус на купувчот кој ако сака дополнително може да го персонализира својот нов миленик на четири тркала со вистинското богатство од дополнителна опрема.
Како што наведовме ценовниот старт на Mercedes А Класа кај нас е од 22.950 евра. Оваа цена се однесува на моделот 180 BE со бензинец од 1.6 литри и 122 КС.
http://www.time.mk/read/49a2cc3ff0/c978985492/index.html