Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2561749 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2475 на: 04 Септември 2012, 12:27:24 pm »
Денде, за македонија не сум сигурен но за Европа да.


Сакаш да кажеш дека Toyota нема квалитет и и треба маркетинг дај ти се молам

Тојота мора да дава кога веќе даваат и другите од комшии за да не помисли некој дека не ја бива. Тоа терминолошки се нарекува реакција поради измени во окружувањето :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2476 на: 04 Септември 2012, 12:30:06 pm »
Денде - Не, репер за продажбата е цел свет. Нема оспорување на успехот на некои Јапонски и Корејски брендови (Тојота, Хонда, Хјундаи, Киа) но и неуспехот на одредени Јапонски брендови (рецимо Мицубиши, ништо лично). Гаранцијата е супер работа, се додека производителот се држи до гаранцијата и културно се однесува.

Хонда се одлични со гаранција, што донекаде е и до Макпетрол. За Мак Ауто Стар не знам, али знам дека Хјундаи во Македонија не признава многу од работите, и цените на деловите им се ненормални (200 евра за визир за сонце? пффт..), итн. Супер, ми дале 5 години гаранција, ама со милион услови и под-услови за да немам право да ја користам. Фала.

Гаранцијата е маркетингшки трик, особено за западна Европа и Америка, каде што просечниот сопственик на автомобилот го купува, го вози и го продава за 2-3 години. Гаранција како фактор е релевантен во земји како Македонија каде што човек купува кола и ја вози цел живот.

Цаки: Тојота има квалитет, ама нема идентитет. Неколку пати сум кажал дека Тојота ми ја има истата емотивна привлечност као фрижидер. Затоа им треба маркетинг, и им требаат возила како GT86.

Отсутен caki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 318
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2477 на: 04 Септември 2012, 12:31:43 pm »
Да да инаку не им се добри колите ниту на нив нити на Mazda Lexsus  итд..ах леле леле свашта . Па има агенции кои прават истражувања за квалитет па повелете процитајте кај се наоѓа ФВ а каде на овие што им треба маркетинг дека им се добри колите а уствари не им биле такви

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2478 на: 04 Септември 2012, 12:35:03 pm »
Цаки, не велиме дека должината на гаранцијата е мерка за квалитет и дека ако нема 5 години дека е неквалитетна. Долга гаранција заедно со одличен квалитет е тоа што се бара. Ако Тојота ја погодила комбинацијата тогаш good for them, супер. Но 5 години гаранција (најдогла гаранција меѓу производителите на пример) воопшто не значи и НАЈДОБАР квалитет, туку самно бизнис модел кој Тојота го спроведува... хипотетички.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2479 на: 04 Септември 2012, 12:37:08 pm »
Никој не го оспорува квалитетот на Тојота, не ги вади работите од контекст. Ама ниеден бренд/модел нема да се продаде без соодветен маркетинг.

Џабе Тојота има квалитетни возила ако не им го каже тоа на купувачите, дали преку реклама, дали преку тест возења, итн.

Е сега, зборам за МЕНЕ, зборам субјективно - во моментов освен GT86 ниеден модел на Тојота не ми се допаѓа. Не само што не ми се допаѓа, туку тврдам дека некои од моделите им се најлоши во класата (пример, новиот Јарис).

И да се надоврзам на Фаланга - гаранцијата е одличен начин производителот да извлече повеќе пари од тебе долгорочно. Што мислиш, што е подобро за импортерот - 2 или 3 години да ти зема по 100 евра годишно за сервис, или 5 или 7 години да ти зема по 100 евра годишно за сервис? Ќе заработи 500 евра на колата, ама ќе заработи уште 1000 евра на сервисите.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2480 на: 04 Септември 2012, 12:46:51 pm »
Гаранција - Маркетинг исти таков

Жутиве не ги коментирам со гаранцијата...кај нив купуеш кола 0д 10.000 евра, за 5 години ја носиш на минимум 5 сервиси. Ако не и повеќе ( ја дома иам кола за 10 дена ќе полни 1 година и ќе оди на 2 сервис :S) Тука си ги враќа парите. А да не збориме дека сервис на 80-90.000 кошта многу повеќе од оној на 10.000 :S поготово ако нашиве импортери знаат дека ти е од последните :S мењаат многу непотребни работи или не мењаат си ги пишуваат. тоа друга приказна

За Тојота, квалитет има, ама голема улога во 5 годишната гаранција што ја дава Toyota е ако ви текнува на онаа Фама пред година-две кога у америка повлекоа незнам колку возила заради квар на левото муде од десната страна. Која анти-реклама им ја направија конкурентите страшна работа. Се дигна многу прашина за глупост или не :S Ама и тоа игра голема улога. Сега сакаат да ја вратат довербата на купувачите нормално

Коа глеаме така мојата има 2 год гаранција не ја бива, а Хјундаи и30 го бива пошто има 5? Шанса нема!!!

Него бек ту д голф и VW. Ипак VW е бренд, кој ја лично не ги сакам најмногу на свет, онака ми се пролазни. Ја си сакам Француско Пежо и такви ми  ти работи, ама да кажам дека VW е срање, треба стварно да сум луд. Имаат перверзно добар квалитет. И таков имиџ држат. Такви ќе ги памтам и за 50 години! Тоа го постигнале.

Затоа на пазарот има VW, Hyundai, Ford...Исто ко што има Coca Cola, Pepsi и Pelisterka Kola...Pepsi е далеку од лош, одличен е ништо не му фали, ама не е Coca Cola...

И класен, дај бе јави им се на овие од VW нека го објавуваат веќе, кажи треба да учам неможам да седам тука да ги чекам нив..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2481 на: 04 Септември 2012, 12:56:18 pm »
Ти фаќај книга, премиерата е тек вечер.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2482 на: 04 Септември 2012, 13:02:56 pm »
Него бек ту д голф и VW. Ипак VW е бренд, кој ја лично не ги сакам најмногу на свет, онака ми се пролазни. Ја си сакам Француско Пежо и такви ми  ти работи, ама да кажам дека VW е срање, треба стварно да сум луд. Имаат перверзно добар квалитет. И таков имиџ држат. Такви ќе ги памтам и за 50 години!

Ауууу неверојатно читаш мисли друже!

Отсутен caki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 318
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2483 на: 04 Септември 2012, 13:09:03 pm »
Не еФВ срање далеку од тоа не го ни помислив, само мислам дека бар кај нас е малку преценет. Инаку возев Roomster до пред некој месец и знам што е Фв. Во однос на сервисите не би ја отварал тука таа тема пошто 10 год работев во Renault и знам како е по сервисите.

Отсутен ikeyaro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2484 на: 04 Септември 2012, 13:15:15 pm »
Ја видов новата Астра GTC на семафор кај МиДа и паднав у несвес :) жолта, драма! А гледам на сајтот на Опел ја немаат како понуда и пишува демек наскоро, баш ме интересира колку евриња ќе биде...



БРА-ВО! Ептен ми се допаѓа, основна верзија...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2485 на: 04 Септември 2012, 13:21:12 pm »
Де бе, донесена е кај нас пред неколку месеци. Почнува од околу 17.000 евра мислам.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2486 на: 04 Септември 2012, 13:22:10 pm »
Да да инаку не им се добри колите ниту на нив нити на Mazda Lexsus  итд..ах леле леле свашта . Па има агенции кои прават истражувања за квалитет па повелете процитајте кај се наоѓа ФВ а каде на овие што им треба маркетинг дека им се добри колите а уствари не им биле такви

ДА, најчесто јапанските производители (поточно Субару) се на самиот врв на истражувањата. Најиздржливи возила, најдобар сервис итн итн... Еве за пример ќе земам испитувања на ADAC во Германија. Според чиста веројатност и статистика, што мислиш, со колкав процент во тие истражувања учествува VW, а со колкав процент учествува Subaru? Колку коли продава VW, а колку Subaru? Нели е ствар на чиста логика, ако VW продава (карикирам) 100 000 возила годишно, а Subaru продава 5 000, процентот на расипливост да е на страната на VW, чисто поради тоа што е поголема веројатноста на толкав број на продадени автомобили, да има повеќе кварови??

У задниве години, Dacia сосема солидно котира на тие истражувања... Колку сакаат нека се подобрени и напреднати, сепак Dacia е далеку од референтен и респектабилен бренд нели? А и они кај нас нудат 5 години гаранција.

Гаранцијата си е (претежно) маркетиншки трик, и ретко што друго. Еве да речеме, ѕирни ги сајтовите на Hyundai, Kia, Dacia и види колкаво внимание и простор се посветува на гаранцијата. А сега, види ги сајтовите на некој на којшто не му треба таков вид на реклама: Mercedes, BMW, Audi, Volvo итн итн...

Мене на шољата у вц ми нудат 12 години гаранција... Ама тоа не значи дека треба да паѓам у несвес за тоа, или дека тие што ми нудат 3 години гаранција на нивната шоља, по дифолт значи дека нивната не ја бива, или помалце ќе ми врши работа.

Бек ту темата, вчера ја видов Toyota GT86, и се осетив као на потресен малце... Фантастично изглеа!!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ikeyaro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2487 на: 04 Септември 2012, 13:24:39 pm »
Де бе, донесена е кај нас пред неколку месеци. Почнува од околу 17.000 евра мислам.

Прв пут ја забележуем и ми падна у очи ептен :) а чудно што ја нема на сајтот, се нервирам коа треба да попунуем табели за да ми даат ценовник :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2488 на: 04 Септември 2012, 13:30:38 pm »
Ценовник за Opel Astra GTC.

Сум згрешил, почнува од околу 18.000 евра за 1.4 турбо со 120 коња.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2489 на: 04 Септември 2012, 13:31:27 pm »
Вакво жуто има чичко Бајага :)))

Колата е Океј, внатре надвор...само не експлодира од моќност. Али Fic_CC може да каже како е на 190 km/h у неа :D