Денде - Не, репер за продажбата е цел свет. Нема оспорување на успехот на некои Јапонски и Корејски брендови (Тојота, Хонда, Хјундаи, Киа) но и неуспехот на одредени Јапонски брендови (рецимо Мицубиши, ништо лично). Гаранцијата е супер работа, се додека производителот се држи до гаранцијата и културно се однесува.
Хонда се одлични со гаранција, што донекаде е и до Макпетрол. За Мак Ауто Стар не знам, али знам дека Хјундаи во Македонија не признава многу од работите, и цените на деловите им се ненормални (200 евра за визир за сонце? пффт..), итн. Супер, ми дале 5 години гаранција, ама со милион услови и под-услови за да немам право да ја користам. Фала.
Гаранцијата е маркетингшки трик, особено за западна Европа и Америка, каде што просечниот сопственик на автомобилот го купува, го вози и го продава за 2-3 години. Гаранција како фактор е релевантен во земји како Македонија каде што човек купува кола и ја вози цел живот.
Цаки: Тојота има квалитет, ама нема идентитет. Неколку пати сум кажал дека Тојота ми ја има истата емотивна привлечност као фрижидер. Затоа им треба маркетинг, и им требаат возила како GT86.