Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Ќе се изненадиш од Астрата... Anyways, забегав од мојата идеја, значии, Ако треба колата да ја гледам секој ден пред врата....
Откако BMW ги надмина стереотипите и одлучи да пушти на пазарот модел со преден погон, нешто слично, но во обратна насока, е на пат да направи AudiСпоред извори блиски на Audi се очекува следната генерација на перјаницата на компанијата од Инголштад, лимузината А8, да биде со пренос на задните тркала. Нешто, што овој производител не правел по Втората светска војна. Имено, според плановите во текот на 2013 оваа верзија на моделот ќе биде малку ажурирана, додека следната генерација ќе се појави во 2016 или 2017 година. (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Тоа ќе биде целосно нова изведба, каде Audi ќе се откаже од употребата на целосно алуминиумскиот дизајн. Германците ќе имплементираат комбинација која ја нарекуваат „алуминиумски хибрид“ - мешавина од алуминиум, челик и композитни материјали. Следното А8 ќе биде на сосема нова платформа - MSB, која во моментов се подготвува од Porsche за новата генерација на Panamera. Токму тоа е причината возилото да биде со пренос на задната оска, што засега е дел единствено од автомобилите на Audi од шампионатот на Германија за туристички возила (DTM). Идејата за вакво нешто е од новиот шеф на концернот Волфганг Дорхајмер, кој има долгогодишно искуство со автомобилите со заден пренос, бидејќи долго време беше на раководни позиции во компании како Porsche и Bentley.Следната година Audi A8 ќе добие и преработен мотор. Станува збор за V8 TDI, кој во моментов располага со 350 КЅ и 800 Nm. Се очекува силата да порасне до 400 КЅ, а се предвидува и нова хибридна модификација.
Бек ту темата, вчера ја видов Toyota GT86, и се осетив као на потресен малце... Фантастично изглеа!!
Цитат: velestrumf на 04 Септември 2012, 13:22:10 pm Бек ту темата, вчера ја видов Toyota GT86, и се осетив као на потресен малце... Фантастично изглеа!!Црвената ли? Неми прави многу ќеиф. Односно супер си е ама очекував малце поише. Можда и до мене е проблемот.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)http://www.carclub.mk/2012/09/04/prvite-fotografii-od-noviot-volkswagen-golf-7/Напред ми изгледа ОК. Задните светла ми изгледаат чудно.