ŠKODA за изминатата година продаде рекореден број од околу 875,000 илјади автомобили што претставува раст од 15% во однос на минатата година...
Види фотографии Напиши коментар
За споредба, во 2010 беа испорачани 762.600 возила. Во исто време, производителот ги претстави Citigo и Rapid како први автомобили од офанзивната стратегија на нови модели.
"Ова беше важна ŠKODA година"-изјави извршниот директор на ŠKODA д-р Винфрид Вахланд во своето годишно обраќање. "Ние направивме импресивен старт во спроведувањето на нашата Стратегија за раст 2018, со значително остварување на рекордни продажби. Нашето производство, нашата продажба, финансиските показатели и меѓународнаото присуство уште еднаш беа подобрени", додаде Вахланд. Следната цел за брендот е јасно дефинирана: ŠKODA има намера да ја зголемува продажба во светот, најмалку за 1,5 милиони евра годишно се до 2018 година. "компанија во 2011 година создаде одлична подлога за тоа", изјави Вахланд.
ŠKODA ја одржува брзината со инвестирање во нови модели, нови пазари и капацитети во целиот свет. На пример главната фабрика на брендот во Млада Болеслав, ќе биде проширена кон средината на 2012 година. Според плановите, по проширувањето од производство ќе излезе трет модел кој ќе ги дополни бестселерите Octavia и Fabia. За моделот Octavia капацитетите ќе се зголемат и со тоа ќе се произведуваат од 800 до 1 200 возила дневно. Фабриката на Škoda во Врчалаби, Република Чешка, од крајот на 2012 година ќе има двојно поголем капацитет, кој ќе биде достапен и за другите брендови од групацијата Volkswagen.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=2291